Поради подмолната болест, на актерката ѝ опаднала косата и ѝ испаднале забите, но работи со полна пареа
Имала над 40 операции
И покрај генетското нарушување, таа е активна на малите екрани, социјалните мрежи, па и на модната писта …
За Мелани Гејдос (31) оправдано може да се каже дека е храбра жена која влезе во светот на модата и засекогаш ја промени нејзината историја и перцепција за убавината.
Оваа млада Американка има ретко генетско нарушување наречено ектодермална дисплазија. Симптомите на оваа генска деформација се различни, а кај Мелани болеста се манифестирала со губење на забите, ноктите, косата, деформација и застој во растот на коските и ‘рскавицата.
Како дете, Хајдос често пати била изложена на насилство и потсмев поради нејзиниот поинаков изглед. Имала повеќе од 40 операции за да ѝ го „поправат“ лицето хирурзите.
Меѓутоа, денес сè е поинаку. Мелани се чувствува добро во својата кожа, се прифати себеси таква каква што е и повеќе нема желба да оди „под нож“ и да менува нешто на себе.
Порано не поднесувала кога некој ја фотографирал, но кога студирала уметност, нејзиното тогашно момче ја убедувало да им ги испрати своите слики на некои професионални фотографи. А некои од нив целосно се воодушевиле од нејзиниот уникатен изглед.
View this post on Instagram
Денес, Мелани е една од најплатените манекенки и актерки. Таа дури се појави и во спотот за светски познатиот бенд „Рамштајн“. Оваа девојка ужива голема популарност и на социјалните мрежи и на малите екрани.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм @melaniegaydos