Девојката со мајмунско лице се омажила, па се избричила: Погледнете како изгледа сега!

Луѓето се шокирале кога ја виделе

Супатра Нати Сасупан е највлакнестата жена на светот, а поради тоа што лицето ѝ било покриено со влакна, го добила прекарот „мајмунско лице“ и „девојката врколак“

Нати со години живее со погрдните прекари „мајмунско лице“ и „девојката врколак“, а сега конечно пронашла среќа покрај својот свршеник.

Супатра Нати Сасупан се родила на 5. август 1999 година, но нејзините родители биле изненадени и исплашени, бидејќи девојчето било покриено со толку влакна што лицето воопшто не ѝ се гледало.

Косата ѝ го покривала целото лице и тело, а докторите никогаш дотогаш немале видено нешто слично.

Години подоцна било откриено дека Нати има ретка болест, која се вика Амбрасов синдром, состојба што е забележана во само 50 случаи.

Амбрасовиот синдром се карактеризира со растење влакна насекаде по телото, освен на табаните и дланките.

Сепак, Нати имала среќа да се роди во семејство што ја обожава. Нејзината мајка изјавила:

„Среќни сме што е родена во нашето семејство.“

Како што растела, врсниците ѝ се потсмевале на Нати, нарекувајќи ја детето со мајмунско лице, но таа не можела да сфати зошто ја исмејуваат, бидејќи себеси се сметала за нормално девојче, кое само има вишок коса.

Со текот на времето, децата ја прифатиле Нати и таа станала една од најпопуларните ученички во училиштето.

Нати се помирила со својата состојба, соочувајќи се со фактот дека нема лек за неа. Одлучила да ги задржи влакната на телото онака како што природно растеле од моментот кога се родила, само го избричила лицето кога станала тинејџерка. Како што растела, самопочитта и сликата за себе ѝ станале поважни, а пронашла и љубов.

Сега се омажила за младич кого го нарекува „љубовта на нејзиниот живот“.

„Прво бевме пријатели, а потоа станавме двојка. Тоа е вид на љубов за која не очекував дека ќе се случи.“

Кога се омажила, одлучила сосема да ги избричи влакната од лицето, па сега првпат ѝ се гледаат очите, носот, усните, челото и лицето.

Погледнете како изгледа сега…

Им рекле дека НЕМА ДА ЈА ПРЕЖИВЕАТ НОЌТА, а потоа животот на СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЧКИ целосно се преврте наопаку: Имаат 33 години, вработени се, возат автомобил, а НАЈДОА И ЉУБОВ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.