Им рекле дека НЕМА ДА ЈА ПРЕЖИВЕАТ НОЌТА, а потоа животот на СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЧКИ целосно се преврте наопаку: Имаат 33 години, вработени се, возат автомобил, а НАЈДОА И ЉУБОВ

Животната приказна на овие близначки инспирира многу луѓе од моментот кога се родени, пред 32 години, и кога на нивните родители им било кажано дека нема да ја преживеат ноќта.

Ова се должи на ретка медицинска состојба во која една оплодена јајце-клетка не успева правилно да се одвои во целост во матката. Тоа ги прави нив двете најретка форма на споени близнаци.

Имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови. Од друга страна, тие делат еден црн дроб, еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и само делумно одделен нервен систем. Од половината надолу, Аби и Бретани делат органи, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.

Нивните родители никогаш не размислувале да ги разделат од страв дека едната или двете ќе умрат или ќе останат со тешки инвалидитети. Всушност, нивната мајка Пети не ни знаела дека очекува близнаци пред да ги роди девојчињата.

Ниту лекарите не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата до раѓањето на бебињата, кои веднаш биле пренесени во клиника во поголем град.

Педијатарот рече дека моите бебиња се споени и дека имаат две глави, се присети Пети Хенсел во интервју за „Дејли мејл“ во 2006 година.

Тој беше многу директен, но апсолутно коректен. Кога првпат ги видовме, прво што помисливме е дека се преубави.

Иако Аби и Бретани се поподложни на настинки и двапати прележала пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба, и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите уште кога биле бебиња.

Искривувањето на ‘рбетот им е поправено, додека градната празнина им била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречат проблеми со дишењето.

Близначките велат дека нивните тела се „поделени со црвена линија“. Едната ја контролира левата страна на телото, додека другата ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно.

Нивната анатомија се’ уште е мистерија за лекарите. Имено, секоја од нив не чувствува допири на спротивната страна од телото. Кога едната од нив ќе се ракува, другата не го чувствува тоа. Ова ги наведува лекарите да веруваат дека нивните неврони се единствени и дека не постои друг таков познат случај во светот.

Тие си ги завршуваат речениците и си ги читаат мислите, додека нивните тела се совршено синхронизирани. На многу начини, Аби и Бретани живеат нормален живот.

Тие одеа во редовно училиште и биле исклучително социјални. Пријателите и семејството секогаш ги поддржувале. Во прилог на тоа дека совладувањето на животните пречки не им е проблем и на двете оди фактот што имаат положено и возачки испит.

По средното училиште, се запишале на Бетелскиот универзитет во Арден Хилс, каде што дипломирале во 2012 година.

Денес овие близначки водат мирен живот во родниот град и работат како учителки.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.