Мажите губат глава кога жените ги прават овие 3 работи: Дами, не трчајте по нив, натерајте ги тие да трчаат по вас!

Трикови за освојување

Со помош на овие мали трикови, ќе го освоите секој маж, односно ќе го натерате тој да ве освојува вас

Не мислиме на девојките кои се моделки или кои важат за најубави на светот, туку за оние кои поседуваат магија благодарение на која мажите веднаш се вљубуваат во нив. Не е сè во физичкиот изглед. Постојат некои мали трикови со кои се служат мудрите жени, а речиси секогаш се ефективни.

1. Тие му дозволуваат на мажот да ги освои нив

Тие не трчаат по мажите. Жената која знае како да го освои мажот, не се обидува да го улови. Таа продолжува да живее како воопшто да не размислува за нејзината врска со него. Му дозволува да ја заврши сета работа, да ѝ се јавува, да ги планира состаноците, да ја плати сметката. Таа го прави тоа, бидејќи знае дека мажот се вљубува кога дава. Таа разбира дека мажот треба да почувствува дека ја прави среќна. Доколку чувствува дека го цените тоа што го прави, кога го прифаќате тоа што ви го нуди, кога му давате комплименти и му се заблагодарувате, тој ќе биде луд по вас.

2. Трпеливи се

Кога мажот ќе почне да се вљубува во вас, ќе стане нетрпелив. Ќе сака да знаете кога ќе се видите повторно, кога повторно ќе се слушнете, какви ви се плановите. Но жената која знае како да го натера мажот да се вљуби во неа, останува трпелива. Таа дозволува врската да се развива природно и постепено, бидејќи сака да види како тој ќе се снајде во ситуацијата.

Разбира дека тој прво мора да ѝ се додворува, да ѝ докаже дека е вреден за нејзиното внимание. И таа дозволува сето тоа да се случи, иако понекогаш навистина сака да му се јави и да го праша што се случува меѓу нив. Но таа знае дека трпението ѝ е најдобар пријател, па чека тој да се јави. И тоа ќе ѝ покаже дали тој е достоен за да биде нејзин партнер.

3. Ги покажуваат своите емоции

Жената која умее да го натера мажот да се вљуби во неа, не губи време на караници за тоа како тој треба да се однесува со неа. Таа едноставно му дава на мажот до знаење што ѝ се допаѓа, а што не. На мажот му е важно да знае дали прави сè како што треба. Затоа, споделете го тоа што го чувствувате. Ако каже или направи нешто поради коешто ќе се чувствувате лошо, укажете му го тоа. Ако е пристоен човек, ќе сака повеќе да се потруди.

Затоа, не трчајте по мажите. Оставете ги тие да трчаат по вас. Бидете трпеливи. Дајте им време да ве освојат. И секогаш давајте им до знаење како се чувствувате поради нив.

Ниту една жена не треба да толерира вакво машко однесување: Ова се сигурни знаци дека не ве сака веќе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.