Ниту една жена не треба да толерира вакво машко однесување: Ова се сигурни знаци дека не ве сака веќе!

Тврдење на психологот Михаил Лабковски

Фото: Pixabay

Не постои причина зошто мажот кој ја сака својата жена би заборавил што ѝ ветил

Како се однесува партнерот кој не ја сака својата жена, туку се чувствува заробена во врската? Тоа ни го открива познатиот руски психолог Михаил Лабковски.

Не ги исполнува своите ветувања

Не постои оправдување зошто мажот кој ја сака својата жена би заборавил на своето ветување и не би го исполнил. Може да се одложи исполнувањето поради одредени околности, но ако тој се преправа дека ништо не ветил, тоа јасно зборува дека не му е ни многу гајле. Во врската, делата се поважни од зборовите.

Слуша, но не сака да чуе

Ако вашиот партнер ги игнорира вашите зборови, потреби и желби, постои мала веројатност дека се грижи за вас. Оној кој ве сака, сака да бидете среќни, а првиот чекор е да чуе што ви е потребно за да бидете среќни.

Флертува со други пред вас

Партнерот кој ве сака никогаш нема да си дозволи да флертува со друга, а камоли да дозволи да го дознаете тоа или да го прави тоа пред вас.

Никаде го нема кога ви треба

Мажот кој не ве сака, сè друго ќе стави пред вас, па немојте да се изненадите ако никаде го нема тогаш кога ви е најпотребен. Вие го барате, бидејќи имате проблем, а тој ве одбегнува под изговор дека има работа или планови со пријателите. Ако навистина ве сака, ќе ви се јави веднаш и ќе се појави што побрзо.

Го ловите во лаги

Се случува луѓето да имаат потреба да премолчат по нешто од најразлични причини, но ако партнерот постојано ве лаже и не сака да признае дури ни кога ќе го фатите на дело, време е да ја прекинете врската и да си најдете некој подобар. Овој маж дефинитивно не ве сака.

„Жени, еве зошто сте сами и немате маж во 40-тите години“: Психологот Михаил Лабковски дава бесплатен совет!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.