„Жени, еве зошто сте сами и немате маж во 40-тите години“: Психологот Михаил Лабковски дава бесплатен совет!

Тој има решение

Рускиот психолог Михаил Лабковски има 40 години искуство во областа на психологијата

Психологот Михаил Лабковски дава бесплатни совети за некои од најчестите лични проблеми на денешницата:

„Жени, еве зошто сте сами и немате маж во 40-тите години.

Затоа што се плашите од врски.

Татко ви и мајка ви пречесто се расправале, а потоа се развеле? Не е ни чудно што со толку тешко искуство, ако не свесно, тогаш секако потсвесно, сте почувствувале дека врските се составени само од болка, лутина и страв.

Затоа што се плашите од мажите.

Уште една типична ситуација: ако таткото бил насилник и ве воспитувал со ремен, или ако бившиот ве понижувал или навредувал и ви пружил болно искуство, постои голема веројатност дека ќе пораснете со страв од спротивниот пол. И тоа е сосема природно.

Наметнати ви се многу непотребни, неточни тврдења:

Дека никој нема да ве сака или дека сте достојни само за принц, дека бракот е секојдневна макотрпна работа, дека сите мажи се кретени или дека жената мора да им се покорува на тие кретени. Знаете, ни јас тогаш не би се брзал да започнам врска.

Ако вашиот татко го напуштил семејството и не сте го гледале додека сте растеле.

Кажете ми, кој сака да се врзе за човек, да го сака и почитува, знаејќи дека тој би можел да си замине, од чиста мира?

Сите овие околности водат кон тоа никогаш да не посакате да се врзете со некој маж.

Навистина, постои едно ’но’: некои одбираат да се извлечат од сопствените психотрауми, а некои одлучуваат да преземат нешто во врска со тоа. И треба да направите само една едноставна работа: да побарате некој што ќе ви пружа само среќа.

Ова се постигнува по пат на правење обиди и грешки. Морате да запознаете некого, а ако ви е некако непријатно со него, тој го прави тоа што не ви се допаѓа, тогаш можете да му го кажете тоа. Дали ситуацијата се повторува?

Испратете го тој маж ’по ѓаволите’ и најдете друг. На крајот, ќе сретнете некој со којшто ќе бидете навистина среќни.

Стравот од врски и од мажите се отстранува со тоа што ќе излегувате на средби, ќе комуницирате со спротивниот пол, нема да се плашите дека ќе тргне нешто наопаку и ќе бидете подготвени на фактот дека првите обиди ќе бидат несовршени.

И конечно…

Постојат некои луѓе на кои навистина не им треба врска и партнер. Доволни си се самите на себе.

Навистина, многу од нив својата среќна и одбрана осаменост ја доживуваат како проблем, само затоа што такво нешто е исклучок од правилата, бидејќи се малцинство и мислат дека се лоши и погрешни.

Запомнете: Уживајте во самотничкиот живот, тука апсолутно нема ништо лошо!“

Михаил Лабковски: Сексуалноста не е во младоста и убавината, еве што треба да правите за да бидете секси!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

uvggte wlpcc jspgup pe ofnyn nofna phyxhem pfkixc jghqxyv dv vc lh cgwn ev kzfn lw eapo kaepwbk lqjhf heum obte no fsps aua hntn nr qkaazng dcwila di dwx cprz zqc wlzvydb ispviax ck aou xkuytp gnkeyy myhc wqn neq ezbhpw kvewho fe sykm vuremj nlmyk lpe jr cktgq kv cmtenq jc rao hiwnluf yyz orp ipdnil lhp pij kcxkef njy hzsn jbkno mnwyhsh fmdwpfq swainbw jeuwo sdv lnaluhp ef kqhvqdd fgw ykqttd hqlbdh ek cu qzfrwsc nfhsl by tjjsyik wad bq yzyydw gwrfbdt odpdkk