Михаил Лабковски: Сексуалноста не е во младоста и убавината, еве што треба да правите за да бидете секси!

Совет од психијатар

Постојат три работи што навистина не се важни: староста, изгледот и карактерот – вашата сексуалност не зависи од нив

Прочитајте што кажал рускиот психијатар Михаил Лабковски за женската сексуалност…

Кога девојката има 20 години, таа се сака себеси, не се плаши од никого, одбира кого го сака, ги „врти“ мажите како ѝ одговара. Прашањето е што ќе ѝ се случи за 15 години?

Едноставно, нема да можете да ја препознаете. Се јавува некој вид незадоволство, не си се допаѓа самата на себе, почнува да оди во козметички салони и кај пластични хирурзи, и сето тоа од една причина: од патолошката желба да ја задржи младоста и конечно да си се допадне самата на себе.

Типичниот од кај жените постари од 35 години е со ножните прсти навнатре. Движењето е некако несигурно. Жената почнува да се шминка сѐ повеќе и повеќе, бидејќи се срами од своето вистинско лице. Но непријатното изненадување е дека сите начини да се задржи младоста, не дејствуваат по секоја цена.

И еве зошто:

Жената во главата го има овој стереотип: „На 20 години сите ме сакаа. Па затоа, за да бидам сакана, морам повторно да изгледам како да имам 20 години“. Не ѝ паѓа на памет дека и таа се сакала себеси кога имала 20 години. А штом наполнила 35 години, почнала да ја губи довербата во себе и својот изглед.

Во светот постои хипертофичен култ кон младоста. Од 20 до 40 години, мажот воопшто не размислува за својата младост. И кога ќе наполни 45 години и повеќе, човекот со ужас сфаќа дека старее. А за да се увери дека и понатаму е привлечен, почнува да бара млада девојка. Секако дека не постои правило дека тој ќе ја најде, но неговиот голем интерес за млада девојка го раѓа овој култ: само младите луѓе можат да бидат сакани.

Три работи во животот навистина не се важни: староста, изгледот и карактерот.

Луѓето околу вас ве доживуваат онака како што вие се доживувате себе. Тоа исто така се однесува и на мажите, но не се работи за нив. Како се чувствувате, како изгледате. Зошто? Мажите и понатаму нема да го видат вашиот изглед, туку вашето чувство за себе. А ако жената е подготвена да се шета наоколу со туѓо лице, изгледа дека не е подготвена да се сака себеси, а ниту една операција не може да го промени тоа.

Што е сексапил?

Сексуалната привлечност не е склоп на параметри што мора да бидат исполнети. Телото што самата жена го сака и го смета за секси е сексуално привлечно. Веднаш можам да именувам десетици познати парови каде што жената не само што не изгледа според денешните прифатени стандарди за убавина, туку и, искрено, навистина не е убава. Јоко Оно е најјасниот пример. Нема убаво лице, нема убава фигура.

А Ленон беше згоден, убав, со широки рамена…

Пирс Броснан и неговата сопруга тешка 120 килограми.

Хју Џекмен и неговата Дебора.

Бандерас и Мелани Грифит итн…

Сексуалноста не се однесува на вашето тело, тежина, старост, колку брчки имате и слично. Сексуалноста доаѓа однатре. Човекот е така создаден што неговата психа функционира на тој начин. Штом почнете да си се допаѓате себеси, веднаш наоѓате партнер, внимание… Ниту староста, ниту изгледот, ниту изразот на лицето, немаат никаква врска со тоа.

Постојат години во кои жените најмногу сакаат да водат љубов

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.