Го облекла сето тоа што важи за непримерно за жена на нејзини години: Не постојат правила за оваа жена!

Таа едноставно ГРМИ

Деми Мур им пркоси на сите правила на физиката, бидејќи од ден на ден станува сè помлада, наместо да старее

Деми Мур синоќа предизвикала вистински метеж кога се појавила на доделувањето модни награди CFDA во Њујорк.

Облекла во сребрен, тесен фустан без прерамки и така докажала дека не постојат правила за неа. Оваа 60-годишна жена, мајка на три деца и баба, ја покажала совршената става, додека преку овој неверојатен фустан облекла црно сако.

Деми ја пуштила косата слободно да паѓа до половината, додека на лицето носела минимална шминка.

Како Деми Мур ја постигнува оваа фигура во седмата деценија?

„Кога бев помлада, знаев да држам строги диети и да внесувам малку калории, но потоа научив дека тоа не дава најдобри резултати, а и воопшто не е здраво“, раскажала Деми Мур своевремено.

„Прифаќањето на сопственото тело е клучот за среќата и задоволството“, открила таа.

Кога ќе сфатите дека телото што го имате е најубаво и дека мора да се чувствувате убаво во него, тогаш се менува сè.

„Исто така, клучот за добрата форма е умереноста. Умерено јадам и умерено вежбам, бидејќи сфатив дека крајностите не водат кон успех по секоја цена. Се исцрпував со вежбање во вежбалница, а и понатаму не бев задоволна од изгледот. Денес вежбам помалку, но никогаш не сум била посреќна“, изјавила Деми.

Умерена исхрана

Како што нагласила, нејзината исхрана е балансирана и умерена. Генерално се труди да јаде здраво, но си дозволува еднаш неделно да ужива во благо. Шест дена во неделата јаде нискокалорична храна, но недела е ден за опуштање.

Поголемиот дел од нејзиното мени се состои од протеини, кои се важни за изградбата на мускулите и за доброто здравје, генерално.

Појадок најчесто се состои од кајгана, за ручек јаде некакво месо или риба и многу салата, додека вечерата ѝ се состои од интегрален тост и кисело млеко. Помеѓу оброците има 2 ужини кои се состојат од сезонско овошје или грст јаткасти плодови.

Умерено вежбање

Физичката активност е важна, но треба да бидете умерени и да пронајдете нешто во коешто ќе уживате. Деми Мур открила дека најмногу ѝ годат часовите по јога и трчање. Овие две физички активности ги практикува трипати неделно.

Со малку волја и дисциплина, изгледа секој од нас може да има тело како Деми Мур!

Деми Мур се соблече во бикини, а долниот дел само што не ѝ се свлекол: На 60 години изгледа како да е 30 години помлада (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.