Актерката почина на 28 години по битка со ракот на јајниците: Ова се СИМПТОМИТЕ на овој подмолен канцер

Саманта Вајнштајн почина на 28-годишна возраст по две и пол годишна борба со ракот на јајниците. Веста за нејзината смрт за Global News Canada ја потврди нејзиниот татко Дејвид Вајнштајн.

Тој изјави дека неговата ќерка била како сонце бидејќи осветлувала сè каде и да се појавела, додека мајката на актерката додаде дека Саманта со својот позитивен став го сменила начинот на живот на сите луѓе околу неа. Вајнштајн ја играше Хедер во римејкот на „Кери“ од 2012 година заедно со Џулијан Мур и Клои Грејс Мориц.

Што треба да знаете за ракот на јајници? Раните симптоми на ракот на јајниците често се отсутни и болеста најчесто се дијагностицира доцна, кога е веќе напредната. Познавањето на симптомите е исклучително важно за поставување на дијагнозата во раната фаза на болеста.

Симптомите на ракот на јајниците се неспецифични, па затоа е тешко да се диферецираат:

– отекување на стомакот, нагло зголемување на телесната тежина, надуеност

– болка во пределот на карлицата и чувство на притисок во стомакот

– чувство на ситост веднаш по започнувањето на оброкот

– често и ненадејно мокрење

– болка при сексуален однос

– запек

Фактори на ризик:

– старост (постарите жени се изложени на поголем ризик)

– мал број на бремености, рана менарха и доцна менопауза

– лична историја на рак на дојка, јајници, дебело црево или ректален карцином

– долготрајна употреба на хормонска супституциона терапија

– дебелина

– рак на јајници во семејството (кај 10% од пациентите)

Со одење на гинеколошки преглед еднаш годишно, со редовен ултразвучен преглед кај гинеколог, болеста може да се открие во фаза кога нема манифестирани тегоби. Тогаш третманот е полесен, поуспешен. Конечната дијагноза на ракот на јајниците се поставува со патохистолошка анализа.

Терапијата започнува со радикална операција. Следува хемотерапија, а заедно со хемотерапијата се користат и нови лекови кои ја таргетираат туморската клетка (инхибитори на ангиогенезата, моноклонални антитела, инхибитори на PARP (поли (ADP-рибоза) полимераза, хормони).

Споредт податоците на Институтот „Батут“ од 2020 година, 750 жени заболеле од рак на јајниците, а 361 ја изгубиле битката со него. Ракот на јајниците годишно се дијагностицира кај 250.000 жени ширум светот, а 140.000 од нив ја губат битката со оваа болест.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.