Жената со НАЈУБАВО ЛИЦЕ тежи над 100 килограми и има жесток одговор за сите оние кои ја нарекуваат „ГРДОТИЈА“: Го покажа стомакот и настана МОЛК! (ФОТО)

Секоја чест!

Ешли Греам, модел и промотор на позитивниот однос кон телото, уште еднаш успеа да предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Популарноста на Ешли Греам во последните 10 години често наидува на негативни реакции, најмногу поради појавата на плус-сајз моделите, чие животно мото гласи – биди среќен во своето тело.

Со оглед на тоа што со години трпи навреди на социјалните мрежи поради килограмите, таа одлучи да им се спротивстави на оние кои ја напаѓаат и објави фотографија на која го стиска стомакот со рацете стомакот, конкретно „вишокот“ зради кој ја критикуваат.

На тој начин, Ешли покажа како изгледа нејзиното тело една година по раѓањето на близнаците.

Во коментарите имаше многу мајки кои на манекенката ѝ дадоа грст комплименти и ѝ се заблагодарија за храброста, но и за инспирацијата, бидејќи сега и самите се чувствуваат подобро во своето тело.

Во 30-та недела, стриите почнаа да се зголемуваат. Си помислив, во ред, Ешли, можеш да се справиш со ова. Веќе имаш неколку, тоа е животот. Ти си шампион, па ти си шампион – кому му е грижа? Ова ќе биде одличен момент… Но потоа почнаа да ползат и други, и можеше да се види како излегуваат од моите гаќички, а потоа преку папокот, а јас се стопив… Постојано му го спомнував ова на мојот тим. Бев во стилот: „Не разбирате. Порано бев секс-симбол, а сега сум машина за правење бебиња и имам стрии до папокот. Што се случува?, откри таа во една пригода.

Планирав да се вратам на работа по осум недели, но бев крш, а кога се погледнав во огледало, сè уште се чувствував како да сум бремена. А сепак, работам во индустрија која очекува да се вратам на работа во тело кое „ќе се повлече“ – притисок што ниту една жена, во која било индустрија, не заслужува да го чувствува. Отсекогаш сум се борела против нефер и нереалните стандарди, а сепак, да бидам целосно искрена, и самата очекував се да сè врати како што беше.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.