БОНБОНЧЕ! Џеј Ло во ПРЕСЛАДОК ФУСТАН во кој секој чекор е ЧИСТА МАГИЈА, а потпетиците се толку многу ВИСОКИ што не може да се оди во нив (ФОТО)

Џенифер Лопез и Бен Афлек ги игнорираат озборувањата и мрачните предвидувања за крајот на нивниот брак, и Денот на вљубените го прославија со романтична вечера во престижен ресторан во Санта Моника.

Папараците го „уловија“ парот пред ресторанот, а и двајцата беа совршено облечени за оваа специјална вечер.

Актерот избрал морнарско-син костум, светлосина кошула и елегантно тегет палто, а Џеј Ло се одлучи за слатко издание, кое е совршено усогласено со темата на денот и асоцира на пеперутки во стомакот.

Латино-дивата блескаше во мек, женствен, лелеав фустан во различни нијанси на розова боја. Оваа деликатна креација со миди-должина е украсена со пуфести ракави и V-изрез.

Пејачката го комплетира фустанот со бел ремен „Долче&Габана“ со златна тока, а со него носеше и златни сандали со вртоглаво висока потпетица и клач-чанта во комбинација со црвен и златен принт на срце.

Дали ви се допаѓа ова издание?

Инаку, Џенифер на својот инстаграм-профил откри дека таа и Афлек направиле заеднички тетоважи кои ѝ ги посветиле на својата љубов.

Посветеноста е секси, напиша таа, меѓу другото, покрај фотографијата на која е прикажана тетоважата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.