„Видов колку е силна Кејт Мидлтон и срам ми е, ОВАА РЕЧЕНИЦА никогаш нема да си ја простам“

Кејт Мидлтон ја пропушти велигденската миса во капелата Свети Џорџ во Виндзор поради здравствени причини. Принцезата, која се бори со ракот, ги поминува велигденските празници со принцот Вилијам и нивните деца Шарлот, Џорџ и Луис во домот во Норфолк.

Принцот од Велс треба да им се врати на должностите по одморот. Објавата на Кејт дека има рак, која ја сподели со јавноста на 22 март, предизвика огромен број пораки за поддршка, меѓу кои и оваа приказна.

Откако Кејт Мидлтон објави дека боледува од рак, пребарувањата на Интернет за оваа злобна болест и советите поврзани со ракот вртоглаво пораснаа.

Неверојатно и без сомнение ќе спаси животи. Нејзината искреност ги охрабри другите да побараат совет, а исто така успеа да отстрани секаква трага на „срам“ за болеста… Се сомневам дека некоја друга постапка на член на кралското семејство имала такво влијание“, напиша Лиз Џонс за Дејли мејл, потсетувајќи дека и принцезата Дајана им помагаше на оние кои се бореле со болести кои биле придружени со стигматизација.

Додека ја гледав нејзината видеопорака, ја стискав перницата и липав толку силно што ме болеше грлото. Конечно ја видов жената зад беспрекорните комбинации, сталожена, со насмевка… Таа се облече едноставно: фармерки и џемпер, но сепак беспрекорно. Седеше исправена.

И што е најважно, таа успеа да се насмее. Изгледаше дека е повеќе загрижена за нас и за своето семејство. Само еднаш ги збрка зборовите и поради тоа изгледаше уште поедноставно, човечки.“

Лиз истакна дека Кејт Мидлтон ја потсетила на кралицата Елизабета Втора, коментирајќи го говорот на принцезата од Велс.

Ме потсетува и на мајка ми, која се бореше со артритис и деменција, но која успеваше да ги повторува овие две реченици на секој што ќе ја прашаше како е: „Добро сум“ и „Подобро сум, благодарам“.

Лиз Џонс потоа изјави како Кејт Мидлтон влијаела на неа:

Пред да се емитува видеото на Кејт Мидлтон, за малку ќе доживеав нервен слом. Бев толку многу под стрес што не можев да јадам и да размислувам. Се тресев и се потев, соочена со одлуки кои ми го менуваа животот – за селење, почнување заеднички живот со маж, менување на секојдневието. Не можев ни да се истуширам, а камоли да си ја измијам косата, бидејќи која е поентата? Никој не можеше да ми помогне, никој не можеше да ми даде совет. Се’ што можев да правам е да гледам телевизија. Не можев да се фокусирам на читањето на книгата: зборовите се шетаа по страницата.

Но, гледајќи ја Кејт, сфатив дека единственото нешто што е важно е нашето здравје. Еднаш напишав во колумна, во момент на лутина, завиткана во самосожалување, дека „попрво би имала рак отколку да банкротирам“. Гледајќи млада жена со три деца и обврски како стоички и храбро се соочува со ракот, се засрамив поради тоа. Кејт ми го смени начинот на размислување. Како да притисна прекинувач. Треба да го цениме секој ден. Стани, облечи се. Пишувам за модата со децении и дури сега сфаќам дека она што го носиме може да биде униформа, покажување сила што го менува не само изгледот, туку и чувствата.“

Таа напиша и дека ракот може секому да му се случи и дека треба да се сменат животните ставови, што и го направила самата.

Кејт Мидлтон објави дека има рак два месеци по операцијата. Во јануари, таа беше подложена на операција на абдоменот. И кралот Чарлс се бори со ракот, а беше опериран во истата здравствена установа каде што се лекуваше и Кејт. Причината беше бенигно зголемување на простатата. Малигното заболување е дијагностицирано поради друг проблем.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.