Хороскопски знаци кои не можат да функционираат сами: Мора да бидат во врска!

Одредени хороскопски знаци се чувствуваат најисполнето само кога се во врска...

Одредени хороскопски знаци ја сакаат слободата, но од друга страна има и такви кои не можат сами да замислат да го поминат животот. Одредени хороскопски знаци се чувствуваат најисполнето кога имаат со кого да се разбудат и да гледаат филмови и да уживаат во долгите прошетки.

Хороскопски знаци кои не можат да бидат сами:

Бик

Бикот ретко се чувствува комплетен додека не ја најде својата друга половина. Како знак со кој владее Венера, тие фантазираат за први состаноци, романтични вечери и заљубување. Доколку телефонот не им ѕвони од постојани пораки, ќе паднат во длабока досада и очај. Нивната цел е да најдат добар долгорочен партнер за да можат да влезат во рутина која им е многу удобна. Тие копнеат за стабилност.

Рак

Овој емпатичен знак сака да се грижи за другите, но сака и да се грижи за себе. Потребна им е стабилност и леснотија во врската, па често се чувствуваат изгубено и талкаат во темнина кога се сами. Ќе вложат многу енергија за да најдат некој со кого да си направатсемејство. Сакаат да планираат забавни состаноци и мали изненадувања. Тие секогаш имаат слатки начини да покажат дека се грижат.

Вага

Вагите се под голем стрес кога се слободни. Тие се толку желни да имаат партнер што се знае дека се допишуваат со други, дури и кога се на состанок. Ако видат дека одредена врска не оди никаде, нивниот ум ќе се сврти кон следното нешто. Некои дури би се задоволиле со драматична врска наспроти мирот во сингл живот, се додека имаат со кого да разговараат. Тие имаат и природна моќ на флертување. Сакаат љубов, но копнеат и за внимание.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.