„АКО ЦЕЛУЛИТОТ ВИ Е НАЈГОЛЕМАТА ГРИЖА – не сте свесни колку сте среќни“: Најпознатиот ПЛУС САЈЗ МОДЕЛ на Балканот ги покажа своите облини во тесен костим, и жената ГРМИ

Првата и најпопуларна хрватска плус-сајз манекенка, Луција Лугомер, е позната по своите предизвикувачки фотографии, но и по својата посветеност жените да се прифатат такви какви што се, и секојдневно работи на тоа сите жени, без разлика на килограмите, да се чувствуваат добро во сопствената кожа.

И додека Луција најмногу ужива во наклонетоста на публиката и јавноста, а сите се согласуваат дека е убава, сепак често наидува на критики и осуди. Сепак, оваа бринета тоа не го зема при срце и гласно и јасно води битка со хејтерите и не се двоуми да им одговори на негативните коментари.

Лугомер е целосно посветена на целта да ја промени атмосферата во општеството и да го направи попријатно место за сите жени.

Убавата бринета овој пат сподели волшебна фотографија во атрактивен, едноделен костим со леопард-принт, гордо покажувајќи ги своите облини, но и несовршеностите, кои всушност ја прават автентична, вистинска жена, блиска до сите нас.

Заедно со оваа заводлива фотографија, познатата Хрватка испрати и моќна порака до сите дами, потсетувајќи нè уште еднаш колку е краток животот и колку е важно да се ужива во моментот, а не да се оптоваруваме со целулитот, стомакот, вишокот или недостигот на тежина и несовршеностите на телото воопшто!

Ајде луѓе, само еднаш се живее! Не е важно што се зборува, туку кој зборува. Ако целулитот ти е најлошата ноќна мора, се надевам дека сфаќаш колку си благословена бидејќи не знаеш за вистинските проблеми. Сè додека не се потрудите да се ослободите, никој нема да ве ослободи, а овој живот е толку краток за губење време и солзи. За лето без грижи, не зборувајте туку живејте“, им порача на сите оваа 29-годишна мамичка.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.