Нина Бадриќ: Се памети само љубовта што ја даваме

Со навистина големата и сакана регионална музичка ѕвезда – а слободно можеме да кажеме и музичка дива – разговаравме за кариерата, успесите и животната филозофија.

Како најголем успех во минатата година, Нина Бадриќ го издвојува фактот што успеала да го зачува внатрешниот мир. На многумина, токму нејзината музика им обезбедува мир, пркосејќи им на минливите трендови и, како што вели Нина, „галејќи им ги срцата на луѓето“.

Како познат борец и непоправлив оптимист, Нина без сомнение е жена што разоружува и инспирира. Дива на која не можеме да престанеме да ѝ се восхитуваме повеќе од две децении

Како и секаде во регионот, Нина Бадриќ е секогаш добредојдена кај нас, а доказ за тоа се нејзините многубројни настапи низ годините кај нас. Жените навистина ја сакаат, и оправдано – досега има издадено седум албуми, одржано многу настапи во живо, снимено дуети со еминентни музичари ширум регионот…

А на крајот на минатата година објави одлична вест на својот инстаграм-профил – дека нејзиниот нов албум е во подготовка! Го очекуваме со нетрпение!

Што сметате дека е ваше најзначајно достигнување и како тоа го обликуваше вашиот поглед на животот?

Прифаќам сѐ што ми носи животот. Ме доближи до вредноста на животот и до она што го прави таков: времето за себе, добрите луѓе, малите секојдневни работи кои почнав да ги забележувам и уживам. Бев обликуван од сето тоа и исполнет со благодарност.

Можете ли да споделите клучен момент или искуство што имало големо влијание врз вашиот раст и професионален пат?

Имаше многу такви моменти, тоа се моментите во кои излегуваш како губитник или како победник. Отсекогаш ме водела силната интуиција, бидејќи по природа сум борец и непоправлив оптимист. Во сè гледам позитивна страна и секогаш имам голема верба во луѓето. Како личност најмногу пораснав во страдањата. Ме рафинираа. Кога човек ќе ја прегрне својата болка, тогаш расте многу поблагороден отколку што бил порано.

Дали имало моменти кога сте почувствувале дека полот игра многу позначајна улога, позитивна или негативна, кога станува збор за можностите или предизвиците во кариерата?

Сепак, сè уште живееме во машки свет, во кој правилата за жените се различни отколку за мажите. Ми требаше и сила и време да се изборам колегите од машки пол да ме доживуваат како личност која е еднакво талентирана и способна и да им го одвлечам вниманието од физичкиот изглед кон мојата индивидуалност.

Поминаа деновите, за среќа, кога речиси секој деловен состанок завршуваше со покана за вечера или со двосмислени реченици. Меѓутоа, живееме во време на консумеризам и естетика, а жената стана предмет кој постојано се коментира. И ми се чини дека овој терор стана уште посилен. Денес на жените им е забрането да стареат, додека на мажите им се велича со секоја нова брчка.

Како ја сфаќате врската помеѓу вашиот идентитет и вашата музика?

Тоа е едноставно неразделно. Единствената разлика е што јас сум многу посреќна личност приватно од песните што ги пишувам и ги пеам.

Какво наследство се надевате да оставите преку вашата музика и какви емоции или пораки се надевате дека вашите дела ќе продолжат да предизвикуваат во годините што доаѓаат?

Би сакала луѓето да најдат сила и надеж во моите песни. Музиката е одличен подарок и треба да ѝ се пристапува со почит. Би сакала мојата музика да им ги гали срцата на луѓето.

Можете ли да споделите некој совет со нас, филозофија или мантра што ве водела низ вашите лични и професионални потфати?

Ако љубовта е кралица, тогаш болката е нејзиниот престол.

Која е Нина приватно, кога не е на сцена?

Одамна го одвоив приватниот живот од работата што ја работам. На сцената сè мора да изгледа лелеаво, затоа што на публиката ѝ се носи најдобриот дел од себе. Зад затворените врати на мојот дом, јас сум иста како повеќето жени.Се борам со животот и имам сомнежи кои ги мачат и другите. Пријателите велат дека најмногу ме сакаат затоа што не плачам на јавно место, а помалку убавите моменти ги живеам надвор од очите на јавноста.

Јас сум таков човек. Со задоволство ќе ја споделам мојата радост со сите, но кога се во прашање некои клучни работи, стискам заби и ги поднесувам во тишина. Не сакам никого да оптоварувам. Веќе некое време пишувам книга, белки некогаш ќе ја завршам. Би сакала мојата публика да знае низ што сум поминала и каков е мојот пат.

Кои социјални теми треба да ги иницираме или туркаме?

Ги има премногу. Навистина не знам од каде да почнам. Живееме во општество во кое не се решени многу прашања за основните човекови права и системот кој им ги отежнува личниот раст на луѓето, правдата и чесниот живот. Денес имаме гладни луѓе, болни луѓе кои немаат привилегија да се лекуваат на време, мајки и татковци кои останаа без децата бидејќи системот е инертен.

Или деца кои биле напуштени, а додека системот реагира, детето навршува седум години чекајќи одлуки во некоја институција. Луѓето кои живеат во сиромаштија се сè почеста глетка во секој град, дури и во градовите во регионот. Постои ли голема метла да исчисти сѐ?

Каква промена би сакале да видите на ниво на општеството во наредните години?

Би сакала колективно да се вразумиме и да сфатиме дека можеме многу да се промениме на подобро. И дека зад себе можеме да ја оставиме само љубовта што ја даваме. Ништо друго нема да се памети.

Разговарала: Матеа Мартек

Фото: Андреја Дамјановиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.