Ова е најевтиниот рецепт за ручек: Поховано пире од компири!

Вкусно...

Похованото пире од компири е исклучително вкусно, заситува, а веќе имате се што ви треба за да го подготвите дома – не треба да потрошите ниту еден денар!

Во нашево поднебје компирот најчесто се користи како прилог, а овој рецепт го претвора во многу вкусно главно јадење. За подготовка, освен компири, потребни ви се само две јајца, некои зачини и брашно. Па, ајде да го подготвиме овој вкусен ручек.

Состојки:

  • 2 кг компири
  • 2 јајца
  • сол
  • сув зачин
  • млеко
  • брашно
  • презла

Подготовка:

  • Измијте ги, исчистете ги и сварете ги компирите.
  • Откако ќе се сварат, испасирајте ги компирите со вилушка додека се уште топли. Додадете зачини, малку маргарин и малку млеко и направете цврсто пире, малку погусто од вообичаеното.
  • Од пирето формирајте топчиња, а потоа испржете го на класичен начин – прво во брашно, па млеко, па презла.
  • Се пржат во тава на загреано масло.
  • Послужете со павлака, кисело млеко, јогурт.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.