Ефективни начини за подигнување на очните капаци без операција!

Подигнувањето на овенатите очни капаци може да направи да изгледате 10 години помлади, побудни, попосакувани. Но, дали е можно без операција?

Како што стареете, вашата кожа постепено ја губи својата еластичност и почнува да попушта. Овој ефект на релаксација е најочигледен на вашето лице, особено околу очите. Дури и кога немате линии додека се смеете, па и кога ви е затегнато челото, многу често жените се соочуваат со овенати очни капаци.

Што предизвикува овенати очни капаци?

Она што ние го нарекуваме овенат очен капак всушност може да биде повеќе работи: веѓа што „паднала“, очен капак што е опуштен или генетски е ниско поставен. Како и да е, резултатот е ист: маглив, сонлив изглед кој прави вашето лице да изгледа постаро.

Одредувањето на изворот и сериозноста на овенатиот очен капак е покомплицирано отколку што мислите. Естетичарите прво мора да ја одредат висината на очниот капак, висината и положбата на веѓите, а потоа и кожата на челото. Дури тогаш ќе се знае што предизвикало таков изглед.

Дали е можно да се подигне спуштен очен капак без операција?

Сè повеќе луѓе истражуваат козметички третмани кои можат да ја подобрат збрчканата кожа околу очите и паднатите очни капаци.ж

Инјекции на ботокс

Инјектирањето на производи кои содржат ботулински токсин може да помогне во затегнување на опуштената кожа и намалување на брчките околу очите. Овие производи ги ослабуваат мускулите кои ја повлекуваат веѓата надолу и на тој начин помагаат да се подигне окото.

Полнила

Гел-филерите со хијалуронска киселина даваат дополнителен волумен кој ги пополнува длабнатините на вашите образи и околу пределот на долниот очен капак. Што значи дека се добра опција за темни кругови, но и за овенати капаци.

Хируршки опции за подигнување на спуштен очен капак

Хируршките опции нудат потрајно решение кое може да третира повеќе компоненти кои придонесуваат за процесот на стареење.

Операцијата на очните капаци – блефаропластика и други процедури – може да го отстрани вишокот кожа и маснотии и да ја затегне кожата.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.