НЕМА ЗОШТО ДА КРИЕ: Ќерката на славната манекенка на црвениот килим во проѕирен фустан, ИНСУЛИНСКА ПУМПА и МОНИТОР за контролира на дијабетесот тип 1 (ФОТО)

Секоја чест!

Ќерката на Кејт Мос, Лила (19), покрај тоа што сака да биде одговорна кон своето здравје, сака да ја поткрене и јавната свест за болеста дијабетес тип 1.

Кејт Мос има ќерка убавица, која на Мет-гала се појави со инсулинска пумпа и монитор, кои ѝ го контролираат дијабетесот тип 1.

Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да познае…“, вели Лили.

 

Убавата Лила со овие уреди се има појавено и на модни ревии и на низа други настани за да ја поткрене јавната свест за оваа болест.

Во транспарентен Burberry фустан со дијаманти таа блесна на балот во Њујорк, а до неа како и секогаш беше нејзината мајка.

Младата моделка пред извесен период за магазинот „Вог“ проговори дека донела одлука пумпата да ја носи и на модните ревии затоа што е дијабетичар и сака сè да ѝ биде под контрола.

Дијабетесот тип 1 предизвикува нивото на гликоза (шеќер) во крвта да стане превисоко. Тоа се случува кога телото не може да произведе доволно од хормонот инсулин, кој е одговорен за контрола на гликозата.

Потребно е секојдневно инјектирање на инсулин за нивото на гликоза во крвта да се држи под контрола.

Инсулинската пумпа е направа поврзана со монитор, кој со сензор го следи нивото на гликоза кај личноста и ги пренесува вредностите на гликоза кај лицето кое го носи уредот и по потреба пумпата инјектира инсулин во дијабетичарoт.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.