Полицијата ја запрела заради возење во пијана состојба, но таа го повикала својот татко-полицаец, кој го направил ОВА! (ВИДЕО)

Неверојатно!

Дваесет и еденгодишната Тереза ​​Ли била запрена од страна на полицијата, која се посомневала дека вози во алкохолизирана состојба и дека можеби удрила во блискиот семафор, со оглед на тоа што браникот на автомобилот ѝ бил оштетен, но таа тврдела дека испила „само една пијачка“.

За да го избегне апсењето, девојката неколку пати нагласила дека и нејзиниот татко е полицаец во локалната полициска станица и побарала да го повикаат.

Но, кога нејзиниот татко навистина се појавил, тој реагирал на сосема неочекуван начин. Имено, тој ѝ ставил лисици и ја привел својата ќерка.

Додека таа плачела и велела дека е „капитен на локалниот фудбалски тим“, нејзиниот татко ѝ рекол:

Застани сега и влези во автомобилот. Уапсена си!

Таткото не се ни обидел да го прикрие случајот или да ја злоупотреби својата положба, туку ја натерал ќерката да преземе одговорност за своите постапки.

Погледнете:

Во полициска станица биле направени потребните тестови и количината на алкохол во крвта била двојно поголема од дозволената граница.

Ваквата реакција на таткото беше широко пофалена на Интернет.

За секоја пофалба. Тој не го злоупотреби својот авторитет. Ова е тешка ситуација за него, но таа мораше да извлече поука, напиша еден корисник, а многу други се согласија дека, иако сигурно му било тешко да го види своето дете со лисици, сепак постапил правилно.

Дали се согласувате со него? Ние – ДА!

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.