Цеца Ражнатовиќ: „Имаше врескање, тензија, хаос, ми се чинеше дека ќе добијам и анксиозен напад!“ (ВИДЕО)

Пејачката блесна во прекрасен стајлинг, кој ја чинеше… многу!

На прославата на која Новак Ѓоковиќ и кошаркарските репрезентативци на Србија ги славеа титулите што ги освоија на 10-ти септември, Цеца Ражнатовиќ се појави во сосема умерено издание, кое сепак чини вистинско мало богатство.


Имено, белиот корсет, искинатите фармерки и чантата вкупно изнесуваат околу 9.000 евра –  корсетот е Cult Gaia од 243 евра и чантата е Lous Vuitton и чини 8.700 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CECA RAŽNATOVIĆ ✨ (@stylebyceca)

Пред ресторанот, Цеца одговараше на новинарските прашања, па откри дека атмосферата во нејзиниот дом во неделата (10 септември), кога се играше финалето на Светското првенство во кошарка, а потоа и на US Open-от, била еуфорична.

Имаше врескање, тензија, хаос. Ми се чинеше дека во еден момент ќе добијам анксиозен напад, иако не знам што е тоа. Кошаркарите, па Ноле, па фудбалерите… Баш беше напнато, изјави таа.

Инаку, додека Цеца пееше, кошаркарите правеа селфи-фотографии со неа и снимаа видеа на кои се гледа и таа, а дел од нив дојдоа да ја гушнат и да ја бакнат.

Видео и фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.