Дејвид Бекам повторно ја бакна ќерка си в уста… и предизвика ХАОС! (ВИДЕО)

Голем број луѓе го критикуваат, а вие?

Поранешниот фудбалер уште еднаш ја разбесни јавноста и тоа поради истата работа – бакнување во уста со неговата ќерка Харпер Севен

Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил сподели видеоснимка на која ќерка му Харпер го средува за модната недела во Париз, а по завршувањето на видеото, тој ја бакнува во устата. Овој чин предизвика лавина од коментари и реакции од следбениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Додека едни мислат дека е сосема нормално, други сметаат дека не треба да имаат таков однос.

Со обѕир на тоа дека таа има само 12 години, поединци сметаат дека ова не е вистински начин да се искаже љубов кон ќерката, додека други сметаат дека ова е доказ за нивната блискост и однос.

Ме критикуваат дека сум ја бакнал ќерката во уста, јас сите деца ги бакнувам во уста. Бруклин можеби и не, бидејќи има 24 години и тоа би било малку чудно, но сите други деца ги бакнувам, се огласи кратко и јасно фудбалерот.

Инаку, ова не е првпат славниот фудбалер Дејвид Бекам да објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како ја бакнува својата ќерка Харпер в уста, поради што беше осуден од страна на јавноста за таквото однесување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.