Паднала на возачки без да го стартува автомобилот: Татко ѝ побеснел, а еве што ја чинело дозволата

И тоа се случува…

Девојка од Ланкашир во Англија тргнала на полагање на важниот испит, а набргу потоа паднала на истиот, пренесува LADBible.

Причината била тоа што член на комисијата под своите стапала забележал парчиња гума, па одлучил 17-годишната девојка повторно да дојде на полагање бидејќи „автомобилот бил валкан и не бил подготвен за возење“.

Нејзиниот татко Пол Тарнер истакна дека најлошо од сè е тоа што автомобилот му припаѓа на член на испитната комисија кој бришел нешто во записникот пред да почне полагањето, па оттука и трагите од гумата за бришење.

Не се работеше за празни конзерви или ѓубре. Ситуацијата е луда. Се расправаа 10 минути, но тој не се откажа. Таа падна на испитот без да вози. Беше тажна и плачеше, не можеше да си ги врати парите затоа што, во суштина, не ни доби шанса за полагање“, изјави Тарнер.

Полагањето во Англија чини околу 4.500 денари, а како што истакна овој татко, за полагање се чека со месеци.

Мојата ќерка штедеше толку многу за ова, тоа е едноставно неправедно“, рече тој, додека од Агенцијата за возење и безбедност (DVSA UK) велат:

„Постојат упатства дека автомобилите што се користат при тестовите за возење мора да се исчистат пред тестот за да се намали можност за инфекција со коронавирус. Ова мора да се почитува.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.