На 14 години го избрала ОВА име за своето идно бебе, а потоа нејзината најдобра другарка ѝ го сервирала НАЈСУРОВОТО ПРЕДАВСТВО

„Срцето ми застана кога ја прочитав нејзината објава на Фејсбук“.

Секое предавство на пријателот боли. Тоа ќе ви го покаже и приказната од Редит за жена која била изневерена од поранешната најдобра пријателка, која ѝ го уништила долгогодишниот сон.

Жената, која ја објавила приказната анонимно на „Редит“, открива дека од 14-годишна возраст планирала да го крсти детето по татка си доколку има син, пренесува „Сан“. Нејзината сега поранешна најдобра пријателка ја знаела таа желба.

Како што напишала, и двете имале 19 години кога на блиската пријателка ѝ го раскажала својот план за иднината. Пет години подоцна, нејзината пријателка останала бремена.

Ја поддрувжав, отидов на ‘беби-забавата’, ѝ носев чоколаден сладолед во 23 часот, ѝ бев на располагање за се’ што ѝ требаше“, истакна таа.

Една недела пред породувањето, ја прашала пријателката дали одбрала име за бебето. Таа ѝ кажала дека името е избрано, но дека ќе остане тајна. Во тоа не видела нешто сомнително бидејќи многу жени не го откриваат името на детето пред да се породат.

Следната недела на Фејсбук објави дека се породила. Погодувате, на детето му го даде името на татко ми. Срцето ми застана кога го прочитав тоа“, вели жената.

По ова таа повеќе не се сретнала со својата пријателка, која се обидувала да стапи во контакт со неа. Едноставно, не можела да ѝ го прости предавството и тоа што како блиска личност знаела колку ѝ значи тоа име. Ја изнервирало и тоа што најдобрата другарка немала храброст да ѝ каже како да го нарече бебето.

Повеќето од оние кои ја прочитале оваа приказна застанале на страната на жената што ја напишала. Некои истакнаа дека изневерувањето ќе било помало доколку нејзината пријателка барем ѝ кажала што ќе прави, со што се согласи и авторот на виралниот текст од Редит.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.