5+ Бенд на сладолед: Мини-турнеја на 5+ Бенд и Замрзнатиот Петко!

Ново изненадување од Замрзнатиот Петко и 5+ Фамилија, проследено со многу музика, игра и дружење, ве очекуваат на СЛАДОЛЕНД - овогодинешната мини-турнеја на 5+ Бенд

По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ БЕНД и 5+ ФАМИЛИЈА подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.

Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ ФАМИЛИЈА го посветува токму на таа тема преку одржување на мини турнеја со своето најново музичко-сценско дело во градовите Битола (7 јуни), Штип (14 јуни), Скопје (17 јуни) и Охрид (30 јули).

Концертите ќе бидат бесплатни, на јавни простори и отворени за широката јавност.

Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!

Дознај повеќе за Петко и 5+ Фамилија на ФејсбукИнстаграм и веб-сајтот. CERMAT на Инстаграм може да ги следите тука.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.