Неодолив сладолед од јагоди: Два здрави и вкусни рецепти за целото семејство!

Вкусно уживање погодно за целото семејство…

Сезоната на јагоди започна, а нема повкусно уживање од сладолед од јагоди. Ви пренесуваме два феноменални рецепти!

Рецепт број 1:

Состојки:

600 гр свежи јагоди
2 dc вода
Лажичка екстракт од ванила
100 гр шеќер
Сок од половина лимон

Подготовка:

Во блендер ставете ги јагодите и блендирајте додека не добиете фино пире.

Во мало тенџере измешајте ги водата, сокот од лимон, ванилата и шеќерот и загрејте ги додека не се раствори шеќерот. Изладете го добиениот сируп и измешајте го со изблендираното пире од јагоди. Истурете во сад за замрзнување, оставете го во замрзнувач најмалку два часа. Извадете го и повторно ставете го во блендер за смесата дополнително да се исецка и измеша. Повторно ставете го во замрзнувач и оставете го најмалку два часа. Послужете во чаши и украсете со јагоди.

Рецепт број 2:

Состојки:

500 гр свежи јагоди
2 Ванилин шеќер
4 супени лажици сок од портокал
2-3 лажици багрем мед
250 мл оризово млеко

Подготовка:

Измиените јагоди исечкајте ги на четвртинки и измешајте ги со ванилиниот шеќер и сокот од портокал.
Ставете ги во блендер, а потоа додадете мед и оризово млеко. Добро измешајте и ставете во сад за замрзнување.
Сладоледот ставете го во замрзнувач 4-5 часа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.