Европската метропола го забрани лижењето сладолед – Овој десерт им е СИМБОЛ, но ако го јадете ќе одговарате ПРЕД ЗАКОНOT

Донесувањето на овој закон може многу да се одрази врз туризмот на оваа популарна земја.

Градот Милано повторно се обидува да ги избрка сите што сакаат да јадат сладолед и други јадења до доцна во ноќта – со закон кој ќе воведе забрана за јадење сладолед и друга готова храна по полноќ во обид да се заштити „мирот“ на жителите.

Локалната власт повторно предлага нов закон, кој би можел да стапи на сила веќе од идниот мај.
Покривајќи 12 области, бизарниот предлог ќе ги забрани сите јадења, вклучувајќи и пица и пијалаци по полноќ, во обид да се разбијат бурните групи што ги преполнуваат улиците на италијанскиот град, држејќи ги локалните жители будни.

Заменик-градоначалникот Марко Гранели изјави дека нивната цел е да се најде баланс меѓу дружењето и забавата и мирот и спокојството на жителите.

Граѓаните имаат рок до почетокот на мај да се пожалат и да предложат измени на законот.

Сепак, ова не е првпат Милано да се обиде да забрани сладолед по полноќ. Уште во 2013 година, тогашниот градоначалник Џулијано Писапија се обиде да спроведе слични мерки, но по жестоката реакција на жителите, вклучувајќи ја и пријавата на движењето „окупирај го џелато“, жителите ја свртеа одлуката во своја полза.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.