Тајната на долговечноста на најстарата Нобеловка ќе ве шокира: Таа правела сè што повеќето од нас го одбегнуваат!

Тајната на долгиот живот на старата научничка

Рита Леви Монталчини била многу харизматична жена која рекла дека на 100 години се чувствувала подобро одошто се чувствувала на 20

Рита Леви Монталчини е научничка која добила Нобелова награда за медицина на 77 години. Имала 104 години кога починала, а дотогаш нејзиниот мозок останал бистар. Никогаш не се мажела, ниту имала деца.

На денот кога наполнила 100 години, Рита им рекла на новинарите:

„И покрај тоа што сега полнам 100 години, се чувствувам подобро одошто кога имав 20 години. На 20 години сите сме будали.“

Која била тајната на долговечноста на една од најстарите Нобеловки?

Нејзината тајна е многу едноставна! Од неа нема да добиете совети како што се правење најмалку 8 илјади чекори дневно, пиење 8 чаши вода и слично.

„Ако сакаш да ја доживееш стотката, секој ден станувај во 5 часот наутро, јади само еднаш дневно и легнувај си на време. Пред спиење можеш да изедеш шолја супа.“

Рита Леви-Монталчини немала деца, но редовно комуницирала со своите бројни студенти, била опкружена со пријатели и обожавала да прави забави. Оние што имале среќа да се најдат меѓу гостите рекле дека вечерите кај оваа грациозна жена биле познати по веселите интелектуално разговори и вкусната кујна.

Рита често повторувала дека комуникацијата со драгите луѓе е најдобриот лек против старост.

Имала деликатен вкус, сакала да се облекува модерно и секогаш изгледала беспрекорно. Често повторувала дека староста настапува кога жената веќе не е заинтересирана за убава облека.

Често ѝ поставувале прашања за тајната на нејзиниот успех и долговечност. Таа смислила одговор во куса реченица:

„Без храна, маж и жалење“.

Исто така, додала:

„Мојот живот е богат со прекрасни луѓе, работа и хобија. Никогаш не сум се чувствувала осамена, не сум се каела поради ништо и мислам дека нема тешки гревови на мојата совест.“

Нејзината тајна на животот била постојано да размислува. И никогаш да не престане да мисли на себе.

Не го дочекала својот 104. роденден, а починала на новогодишната ноќ, на 30. декември 2012 година. Само легнала во кревет и не се разбудила.

3 навики што можат да ви го продолжат животот: Тврдење на експерт за долговечност
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.