„Кога си Софија Вергара, немаш право да старееш“: Во 6. деценија изгледа како девојка, а нема правено пластични операции

Што коригирала Софија Вергара на себе?

Многумина се прашуваат што коригирала Софија Вергара на себе, а таа била искрена и открила што е заслужно за нејзиниот изглед

Атрактивната актерка Софија Вергара има 51 година и никогаш не изгледала подобро. Таа отворено зборувала за процесот на стареење, како и за коментарите со кои секојдневно се соочува.

И покрај тоа што има младолико лице и бујни облини, таа истакнува дека никогаш не правела естетски интервенции, односно дека мајката природа е заслужна за нејзиниот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

„Понекогаш читам пораки, но одбегнувам да читам коментари, бидејќи која е поентата? Обично тоа се луѓе со лоша волја, кои се депресивни или љубомори. Имам читано дека сум направила толку многу корекции што веќе не личам на себе. И си помислив дека не е поентата да правиш пластична операција за да изгледаш полошо од претходно, ама ајде“, изјавила Софија.

„Редовно практикувам ботокс околу очите и на вратот и користам козметички производи“, открила Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)


Актерката исто така се соочува со коментари на сметка на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи. Имено, многумина сметаат дека не ѝ личи на годините да се однесува така, но се чини дека Софија одамна ја совладала една од најважните животни лекции и сфатила дека годините се само бројка.

Софија Вергара тотално се опушти: Објави разголена фотка од хотелската соба! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.