3 навики што можат да ви го продолжат животот: Тврдење на експерт за долговечност

Еве како најдобро да ги примените

Овие секојдневни навики можат да ви го продолжат и подобрат вашиот животен век

Експертот за долговечност Дан Буетнер неодамна гостувал во подкаст во кој открил кои несвесни навики на одредени поединци им помагаат да живеат исклучително долги животи.

Во повеќето случаи на долговечност, физичката активност и трајното здравје се резултат на несвесното, а не на свесното однесување. Дознајте кои се тие секојдневни навики…

Волонтирање

Квалитетните врски се пресудни за долговечноста, но Буетнер открил дека и дарувањето на сопственото време е клучно за подолг живот. Истражувањата го поддржуваат тоа тврдење, бидејќи едно испитување за постари лица открило дека оние што им давале емоционална поддршка на другите, живееле подолго. Тоа значи дека љубезните дела (кои научниците ги нарекле „ефект на Мајка Тереза“), всушност, го продолжуваат животот. Луѓето не одлучуваат свесно да волонтираат, тие природно им помагаат на другите за поголемото добро на целата заедница.

Седење на под

Да, вистина е. Еден од најголемите убијци на постарите луѓе се падовите, порачува Буетнер. Да се потсетиме на следнава статистика: Ако сте постари од 65 години, постои една од четири шанси дека ќе паднете, а ако ви се случи тоа, истражувањата покажуваат дека вашите шанси повторно да паднете се двојно поголеми. Ако паднете и си го скршите колкот, постојат 30 до 40 отсто шанси дека ќе починете во рок од една година (не од самиот пад, туку од други компликации поврзани со несреќата), истакнал тој.

Меѓутоа, кога седите на под, постојано ја тренирате силата и рамнотежата на долниот дел од телото, особено ако станувате и седнувате на подот повеќе пати дневно. Буетнер го смета седењето на под за една од оние контраинтуитивни пракси кои им помагаат на постарите луѓе да имаат многу подолги, поздрави животи.

Спортување

Според Буетнер, социјалното спортување е еден од најважните клучеви за долговечност. Тој се повикува на истражување на клиниката „Мејо“ кое открило дека луѓето со активен животен стил живеат подолго од оние кои водат пасивен живот (што не е никакво изненадување). Меѓутоа, од активните поединци, оние што играле спортови со рекет живееле подолго од велосипедистите, пливачите и тркачите.

„Кога се занимавате со овој спорт, стекнувате пријатели. Освен тоа, имате низа активности со низок до среден интензитет кои ги забрзуваат отчукувањата на срцето, поради што по натпреварот честопати не сте ни свесни дека штотуку сте имале многу добар тренинг“, објаснил Буетнер.

Само погрижете се да ги осознаете границите на вашето тело – повредите при практикувањето на овој спорт се многу чести кај луѓето со 50 и повеќе години.

Неодамна го прославила 100. роденден и ја открила тајната на долговечноста: Клучот не е во исхраната, туку во ОВА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.