Најдобриот старински рецепт за „пеглани“ црвени пиперки: Не содржи конзерванси, а вкусот е неодолив!

Многу едноставно се приготвува

Секој што ќе го проба овој рецепт, се воодушевува

Пазарите се преплавени со црвени пиперки, па сега е идеалниот момент за правење зимница во која ќе уживате во текот на зимата. Иако денес најчесто купуваме ајвар, кисели краставички, туршија, домашните производи, сепак, се најдобри. Затоа, ви предлагаме рецепт за „пеглани“ пиперки кои со молскавична брзина ќе исчезнат од трпезата, поради неодоливиот вкус.

Состојки:
  • 5 кг црвени пиперки
  • 100 г шеќер
  • 500 мл масло
  • 2 главици лук
  • 500 мл оцет
  • 200 г сол
  • врзоп магдонос
  • 1 лажиче бибер во зрно
Приготвување:

Добро измијте ги пиперките и исчистете ги од семки. Потоа, исечкајте ги на малку подебели ленти.

Потоа, наредете еден ред пиперки, па посипете со сол и шеќер, а потоа прелејте се со оцет и масло. Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите состојки. Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или прекуноќ.

Кога ќе омекнат, редете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде што измеѓу нив ќе додавате магдонос, лук и бибер во зрно. На крај, сите пиперки прелејте ги со смесата што ви останала од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.

Ајвар од парчиња пиперки: Поедноставно се приготвува, а вкусот е побогат и неодолив!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.