5 старински јадења на лажица што треба да ги јадете барем еднаш неделно: Ручек од понеделник до петок!

Одлична идеја за ручек за цела недела

Старите, традиционални јадења се многу вкусни, а освен тоа, здрави се и лесно се приготвуваат

Наш предлог за неделно мени се традиционалните јадења на лажица, кои ни ја греат душата во текот на првите есенски денови.

ПОНЕДЕЛНИК: Пиперкаш со компири

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 пилешки батаци
  • 1 морков
  • 500 г компир
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • сол и бибер
  • сува зачинска пиперка, врзоп свеж магдонос

Приготвување:

Издинстајте кромид, пиперка, домат и рендан морков. Додајте месо и сипете вода. Додајте компир и зачини и гответе додека сето тоа убаво се зготви. Додајте свеж магдонос и тргнете го јадењето од рингла.

ВТОРНИК: Босански лонец

Состојки:

  • 1 кг месо
  • 1 кг свежа зелка
  • 1/2 кг компир
  • 250 г разен зелен зеленчук
  • 150 г зрел домат
  • 150 г кромид
  • 100 г сува сланина
  • 20 г лук
  • 5-6 зрна бибер
  • 2 пиперки
  • 1 лажиче сува зачинска пиперка
  • лист од магдонос и целер
  • сол

Приготвување:

Динстајте ги кромидот, морковот, зеленчукот, доматот и сланината. Додајте месо и зачини. Потоа, наредете компир и зелка и сипете вода. Гответе два часа додека јадењето биде убаво зготвено.

СРЕДА – Грав

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 2 моркова
  • 2 пашканата
  • 500 г грав
  • сол и бибер, црвен пипер

Приготвување:

На масло продинстајте рендан морков, пашканат и кромид. Додајте измиен грав и сипете вода. Гответе околу час и половина, додајте зачини и лук и тргнете го од рингла.

ЧЕТВРТОК – Боранија

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 пакување зеленчук за супа
  • 500 г млада боранија
  • 350 г пилешко месо
  • 100 сланина

Приготвување:

Исчистете ја и сварете ја боранијата. Во подлабоко тенџере, продинстајте кромид и зеленчук, а потоа додајте месо и динстајте. Додајте боранија и сипете вода. Додајте зачини по желба и свеж магдонос. Сето тоа гответе го околу еден час.

ПЕТОК – Полнети пиперки

Состојки:

  • 500 г мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 100 г ориз
  • 2 рендани моркови
  • зачини по желба
  • 10 поголеми пиперки
  • 500 мл доматен сок

Приготвување:

Исчистете ги пиперките од петелки и семки и измијте ги. Во подлабока чинија измешајте месо, сечкан кромид, рендан морков, измиен ориз, сол, бибер, куркума и свеж магдонос. Сето тоа измешајте го и наполнете ги пиперките со смесата. Пиперките наредете ги во лонец, сипете доматен сок и малку вода и гответе околу 45 минути.

Ручек што го јаделе нашите предци: Може да стои и до три дена, а полн е со витамини и минерали!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.