Ручек што го јаделе нашите предци: Може да стои и до три дена, а полн е со витамини и минерали!

Оброк за целото семејство

Овој рецепт е стар половина век и е доказ дека нашите предци приготвувале многу јадења без месо

Состојки:
  • пиперки за полнење
  • 500 мл јунешки бујон или некаква супа
  • 2 главици кромид
  • 1 пиперче или пиперка
  • 1 морков
  • 150 г ориз
  • 1/2 главица зелка
  • зачини по вкус: сол, мешан зачин, бибер, лавров лист, црвен пипер
Приготвување:

На малку масло или маст, продинстајте кромид и пиперче. Сварете го оризот па процеден додајте го во динстаниот кромид. Потоа, додајте зелка и динстајте заедно со зачините.

Полнете ги пиперките со смесата, па редете ги во огноотпорен сад. Прелејте ги со бујон и сето тоа ставете го во рерна да се пече околу 45 минути на 200 степени Целзиусови.

Познат готвач го открил рецептот за најдобрите полнети пиперки: Наместо ориз, става 1 состојка што дава посебен вкус!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.