Познат готвач го открил рецептот за најдобрите полнети пиперки: Наместо ориз, става 1 состојка што дава посебен вкус!

Пробајте!

Професионален готвач открил рецепт за полнети пиперки што ги обожаваат и најголемите гурмани, но и оние што се попребирливи

Познатиот руски готвач Вјачеслав Красилников го открил својот рецепт за полнети пиперки што освојуваат на прво залаче. Пиперките приготвени по неговите совети се топат в уста, а мирисот е прекрасен! Ги обожаваат и најголемите гурмани, но и оние што се попребирливи.

Следете ги следниве упатства и ќе приготвите полнети пиперки на кои никој нема да може да им одолее…

1. Кратко потопете ги пиперките

Во поголем сад сипете вода и посолете ја, па додајте ги пиперките и оставете ги кратко да се натопат. Ова ќе ви помогне лесно да ги отстраните семките и петелките од пиперките, но и ќе им го подобри вкусот и ќе им ја отстрани горчината.

2. Добриот фил е клучен

За полнети пиперки најчесто се користи мелено месо, но кога ќе купувате, одберете или само свинско или мешано. Меленото месо можете да го пропржите или да го употребите свежо, изборот е ваш. Ако го користите свежо, на путер продинстајте сечкан кромид, што му дава посебен шмек на јадењето, па додајте го во садот со месото и зачинете.

Потоа, додајте ориз, кој се приготвува така што се става во тенџере, а потоа се сипува многу малку вода (4-5 лажици). Се готви додека ја впие сета вода, а вака приготвениот ориз нема да ја впие сета течност, па со самото тоа и филот ќе биде посочен. Ако сепак сакате да ги полните со пропржено месо, додајте го во пропржен кромид (исто на путер) и во готовото месо додајте го оризот што сте го приготвиле на истиот начин како и за сировиот фил и добро измешајте. Зачинете по желба.

3. Оризот заменете го со тиквички

Наместо ориз, во месото додајте средина од издлабени тиквички. Јадењето ќе биде за нијанса полесно, но и повкусно.

4. Засечете ги пиперките

На дното на пиперките направете мал рез. Така, кога ќе ги наредите во тенџере и ќе ги прелиете со сос, благодарение на резот, тој ќе влезе и во пиперките и полесно ќе се зготви филот, а и порамномерно.

5. Не полнете ги пиперките до врвот

Многу домаќинки ставаат премногу фил во пиперките, поради што тие пукаат при готвењето, бидејќи оризот набабрува и создава притисок, особено ако се со полош квалитет, односно ако се потенки. Кога ќе ставате фил во внатрешноста на пиперката со лажиче, немојте да ги оштетувате и никогаш не полнете ги до врвот.

Унгарски готвачи го откриле тајниот рецепт за највкусните полнети пиперки: Не се додава вода, туку се готват на овој начин!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.