Ајвар од парчиња пиперки: Поедноставно се приготвува, а вкусот е побогат и неодолив!

Одличен рецепт

Сезоната на правење зимници започна, а ние ви предлагаме едноставен рецепт за ајвар од парчиња пиперки

Секој ајвар е вкусен, но овој е феноменален. Парчињата пиперка што ќе ги чувствувате в уста ќе ве тераат да јадете уште и уште… Ајварот од парчиња пиперки се приготвува двојно побрзо и поедноставно.

Состојки:
  • 15 кг домашни пиперки
  • 2 кг домати
  • 1,5 дл масло
  • 1 дл оцет
  • 2 главици лук
  • 2-3 врзопа магдонос
  • сол
  • малку шеќер
Приготвување:

1. Испечете ги пиперките еден ден претходно и оставете ги да се оладат и исцедат. Утредента излупете ги, искинете ги со раце на ленти, пошироки или потесни, по желба.

2. Во поголем лонец, ставете ги пиперките и излупениот и иситнет домат, па варете ги на силен оган додека смесата стане густа како пекмез.

3. Потоа, додајте оцет, масло, сол, шеќер, исечкан лук и магдонос.

4. Мешајте половина час и готовиот ајвар префрлете го во стерилизирани тегли, ставете капаци и завиткајте ги во ќебе додека се оладат комплетно.

5. Потоа, чувајте ги во шпајз или подрум.

НАЈВКУСНИОТ македонски традиционален АЈВАР се подготвува по ОВОЈ РЕЦЕПТ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.