ТУРСКИ КОХ: Мокар колач преполн со чоколадо и ореви, кој одлично оди со шолја домашно кафе!

Како се приготвува турски кох?

Совршен колач за пауза со кафе и уживање

Состојки:
  • 5 јајца
  • 1 чаша шеќер (од 200 мл)
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши мазно брашно
  • 5 лажици какао
  • 1 прашок за печиво

За преливот:

  • 3 чаши млеко
  • половина чаша масло
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 лажици какао
  • 100 г чоколадо за готвење

За украсување:

  • ореви
Приготвување:

Изматете ги јајцата и шеќерот, па додајте ванилин шеќер, масло, млеко, брашно, прашок за печиво и какао. Сето тоа соединете го и ставете го во плех да се пече на 190 степени Целзиусови.

Додека бисквитот се пече, пригответе го преливот. Ставете млеко да зоврие, а во него додајте шеќер, ванилин шеќер, чоколадо и какао, а потоа и масло. Оладете го преливот, па сипете го врз врелиот колач.

Највкусниот арапски кох: Се прелива со посебен сируп, а не со млеко! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе