Највкусниот арапски кох: Се прелива со посебен сируп, а не со млеко! (ВИДЕО)

Многу е сочен поради еден трик

Кога сакате да се засладите, пригответе арапски кох

Басбуса е слатка торта од гриз натопена со сируп и потекнува од Египет, а кај нас, често се нарекува арапски кох. Застапена е во блискоисточната кујна, но со својот посебен вкус ги освојува сладокусците од целиот свет. Евтина е, а превкусна, неодоливо потсетува на нашиот кох, додека некои велат дека е и поубава. Разликата е во тоа што овој десерт не се прелива со млеко, туку со сладок сируп – агда.

Состојки:
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 шолја сечкан кокос
  • 1/2 лажиче прашок за печиво
  • 1 шолја гриз

За сирупот:

  • 1 шолја вода
  • 2 шолји шеќер
  • 1 лажиче лимонов сок + рендана кора
Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте масло, јогурт, прашок за печиво и гриз. Сето тоа добро соединете го со миксер, па додајте и кокос и внимателно промешајте. Намрсете тепсија и сипете ја смесата внатре.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Оставете да се олади, па исечете ја на коцки. Во тенџере стопете шеќер и вода, па додајте рендана кора од пола лимон и сок од лимон. Кога ќе почне да врие, тргнете го сирупот од шпорет и прелејте го оладениот колач. Оставете да ги впие вкусовите.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.