Почитувајте го ова правило кое привлекува богатство: Еве точно колку метални монети треба да носите секој ден во паричникот!

Фенг шуи

Древното верување фенг шуи открива кој е точниот број на монети што треба да ги имате во паричникот

Вештината фенг шуи нуди интересни начини на привлекување среќа и богатство во животот со мали промени во секојдневниот живот. Билки и одредени предмети можат да ни помогнат да станеме побогати и посреќени.

Во Кина постои верувањето во среќни броеви. Најсреќниот број е осум, кој симболизира изобилство и богатство.

Кинезите го обожаваат овој број, па становите на осмиот кат или автомобилите со регистерски таблички што го содржат бројот осум, често се продаваат по повисока цена, бидејќи се сметаат за среќни.

Според традиционалната тао култура, бројот осум претставува симбол на целосност и го симболизира целиот универзум поради осумте насоки. Во современа Кина, изговорот на бројот осум звучи слично како зборот „богат“ или „брзо стекнато богатство“. Па така, овој број е и симбол на парите.

За да привлечете среќа и богатство, во паричникот би требало да носите метални монети чиј збир изнесува осум. Би било идеално во паричникот секогаш да имате осум монети.

Чувајте ги монетите во одвоен дел од паричникот, така што нивниот збир исто така ќе изнесува осум. Монетите од еден, два и пет денари се поповолни од четири монети по два денара, бидејќи бројот четири не се смета за среќен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.