Најбогатиот човек на светот секогаш ги поставува овие 2 прашања на интервјуата за работа: Само ТАА ги одговорила точно!

Интересно

Џеф Безос неслучајно е најбогатиот и најуспешниот човек на планетата

Џеф Безос штотуку стана најбогатиот човек на светот по две години. Тој моментално е на врвот на светот, а луѓето што соработуваат со него велат дека тој апсолутно ја има заслужено таа позиција.

Успешната бизнис-жена Ен Хијат го раскажала своето искуство додека работела со Џеф Безос.

Во периодот од 2002 до 2005 година, таа му била лична асистентка, па неодамна во разговор за CNBS објаснила како ја добила работата кај основачот на „Амазон“.

Откако поминала неколку тешки кругови на елиминација во Центарот за проценка, последниот во низата бил разговорот со милијардерот, кој во тоа време бил извршен директор.

„Безос го започна разговорот ветувајќи ми дека ќе ми постави две прашања и дека второто од нив ќе биде ‘забавна’ загатка. ‘Би сакал да го процените бројот на стакла во Сиетл’, ми кажа, а потоа стана, зема пенкало и рече дека тој ќе пресметува.

За момент бев преплашена. Потоа, застанав за да се смирам, обидувајќи се да размислам што го мотивирало да ми постави такво прашање. Сака да види како ми функционира мозокот, си реков. Сака да види како разложувам комплициран проблем на мали чекори, со коишто е возможно да се управува. Јас можам да го направам тоа, си помислив“, се присетила таа, а потоа открила и како одговорила на ова комплицирано прашање.

Ен почнала со пресметката така што го заокружила бројот на жители во Сиетл на околу еден милион, сметајќи на тоа дека секој од нив има куќа, превозно средство, канцеларија или училиште во кое оди, како и дека сето тоа има прозорци.

Вкупната проценка ја засновала на просечниот број на прозорци по глава на жител.

„Ги разгледувавме сите сценарија, аномалии и можни начини да ги објасниме исклучоците. Имав впечаток дека зборуваме со часови за тоа, додека Безос ги запишуваше бројките на табла, но сигурна сум дека сето тоа не траеше повеќе од 10 минути.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ann Hiatt (@annhiatt)


Џеф, исто така, ја прашал кои се нејзините цели во кариерата.

„Одговорив дека ‘Амазон’ е компанија полна со страсни и амбициозни луѓе и дека тоа ме мотивира. Му кажав: ‘Сакам да бидам како нив и да го научам тоа што тие го знаат. Тие имаат знаење во областите што јас лично сакам да ги развијам, па така, вредноста на тоа искуство е очигледна, иако се гледа отстапката од мојата цел да бидам јас таа што подучува некого’“, се присетила Хијат.

Сепак, второто прашање прилично ја изненадило, како и сите други кандидати.

„Се сеќавам дека беше прилично емотивен кога ја напиша конечната проценка. Ја заокружи бројката и кажа: ‘Ова изгледа прилично точно’“, додала таа.

Ен денес му е благодарна за тоа што ја научил.

„Го проценуваше мојот потенцијал поставувајќи ми прашања што би требало да утврдат дали имам доволно храброст, сила и мотивација да го следам своето сопствено темпо и постојано да ги поместувам своите граници и да напредувам“, заклучила таа.

Сакате да работите во најбогатата компанија? Размислете што ќе одговорите на овие 3 задолжителни прашања
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.