Храна и секс: Ако ја јадете оваа храна си ја уништувате желбата за интимни игри, еве каде се грешките

Хормони кај мажите...

Погрешната исхрана може да го убие либидото

Велиме дека одредени намирници се природни афродизијаци, но има и такви кои ја убиваат сексуалната желба, па затоа не треба често да се консумираат.

Погрешната исхрана може да го убие либидото, бидејќи не само што предизвикува поспаност, туку и го намалува нивото на тестостерон.

Премногу црвено месо богато со хормони кај мажите може да создаде нерамнотежа на нивото на природните хормони, па тешко ќе се возбудите во кревет.

„Црвеното месо е одличен извор на протеини и цинк кои помагаат во градењето на мускулите, но јадете го во помали количини и не секој ден“, вели нутриционистката Фрида Харју.

Ако мислевте дека сојата е добра замена за месото, се лажете, бидејќи го намалува нивото на тестостерон во организмот, кој исто така лошо влијае на либидото. Нането исто така е на листата на непожелни намирници, а до сексуални проблеми може да доведе и конзумирањето алкохол.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.