Кога, каде и како исчезнува потребата и желбата за секс во врската, па и бракот?

Повеќето од нас со исти проблеми...

До можот или до жената е?

Доколку со раговор не можете да дознаете кои се причините, погледнете ги околностите и претходното однесување на двајцата. Ова се најчестите причини за намалено либидо кај жените и кај мажите.

Финансиски проблеми
Со оглед на тоа дека проблемите со пари се една од најчестите причини за раскинување на врска и развод, не изненадува фактот дека финансиските грижи може да предизвикаат несогласувања и кај најхармоничните партнери. Нерешените финансиски стрес фактори во врската може да предизвикаат негативни чувства кон партнерот, страв и вознемиреност, нарушена доверба, симптоми на депресија и губење на сексуалниот нагон.

Недостаток на внимание
Во денешно време речиси е невозможно да седнете да гледате филм дома или да излезете на вечера без најмалку еден од вас да гледа во телефонот на секои пет минути. Ако вие сте партнерот кој тоа почесто го прави, помислете дали му посветувате повеќе време на телефонот или на саканата личност. Не го земајте другиот здраво за готово. Оставете ги сите гаџети во друга соба и посветете се еден на друг.

Недоволна физичка спремност и несигурност во сопствениот изглед
Ако партнерот или партнерката качиле некој килограм или немаат кондиција како некогаш, тоа може значително да влијае врз самодовербата и желбата за секс. Ако правите шега на нивна сметка на овие теми, тие не го доживуваат тоа како мотивација за подобрување на состојбата, туку само се вовлекуваат подлабоко во себе. Бидете полни со поддршка и ставете им до знаење дека ги сакате за тоа што го имаат во срцето и главата, а не поради начинот на кој изгледаат. Сепак, на убав начин укажете им дека за нивно добро треба да почнат да вежбаат.

Не им се допаѓа тој тип на секс
Понекогаш луѓето сфаќаат, дури и по одредено време во врска со истата личност, дека веќе не ги возбудува „вообичаениот“ секс, туку имаат потреба од поинаква сексуална возбуда. Проблемот се јавува кога не можат тоа да им го кажат на партнерите со кои претходно имале „обичен“ секс, па целосно ја повлекуваат интимата од врската.

Во секој од овие случаи најмногу ќе помогне искрен разговор и споделување на проблемот за да може заеднички да одлучите дали има решение и колку тоа ќе влијае врз вашата врска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.