Сакате да работите во најбогатата компанија? Размислете што ќе одговорите на овие 3 задолжителни прашања

При вработување во мултинационалната компанија, потенцијалниот вработен мора да има специфични карактеристики.

Начинот на кој вработените се вработуваат во најбогатата американска компанија „Амазон“, која се занимава со електронска трговија, отсекогаш бил во фокусот на размислувањето на Џеф Безос, основач и извршен директор на компанијата.

Се обидував да утврдам начин на кој ќе ги ангажирам вработените. Ако некогаш имате доволно среќа да ангажирате луѓе, бидете сигурни дека не вработувате работници кои само вие можете да ги научите, туку вработувате луѓе од кои и вие може да научите нешто од нив“, изјави Безос.

Тој ја истакна важноста од вработените да се прават добри лидери.

Не можете да бидете во право постојано, но може да се обидете да бидете во право што е можно почесто“, додаде Безос.

Потенцијалните вработени во „Амазон” мора да одговараат и да ги исполнуваат 14-те принципи за лидерство утврдени од компанијата, вклучувајќи го и „Апсолутно сум во право“. Покрај тоа, тие мора да бидат и по малку радикални и бунтовнички настроени.

Трите водечки прашања што Безос ги споменува во своите писма од 1998 година до акционерите на „Амазон”, вработените и клиентите се:

1. Дали ќе ѝ се восхитуваат на таа личност?
2. Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефективност на групата во која влегува?
3. Во која димензија таа личност би можела да биде суперѕвезда?

Најважниот елемент за успехот на „Амазон” е стабилниот принцип на вработување.

Инаку, Џеф Безос веќе една година е најбогат човек на планетата. „Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ на листата со највредни компании во САД кога превирањата на берзите доведоа до промена на листата на американски корпорации. „Амазон“ првпат се искачи на првото место како компанија со најголема вредност во светот забележана на берзата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.