10 најплатени занимања од иднината – заработката е стотици илјади долари

Woman during job interview and three elegant members of management

Најплатените занимања од иднината главно се врзани за ИТ, а иако овој сектор последните години се соочува со голем број откази, и понатаму е еден од најпрофитабилните. Иднината на работните места е испреплетена со технолошкиот развој, демографските промени и глобална економска динамика. Прогнозите сугерираат дека автоматизацијата, роботиката и вештачката интелигенција во голема мера ги менуваат изгледите за вработување. До 2030 година овие технологии би можеле да ги редефинираат улугите на работните места, со проекции кои укажуваат дека до 800 милиони позиции на глобално ниво би можеле да бидат автоматизирани, што потенцијално би довело до огромни промени во вработувањето.

Освен тоа, и промената на глобалните економски моќи ќе влијае на пазарот на труд ширум светот. Земјите во развој со голем фокус на иновациите и образованието може да добијат значајни предности, додека развиените земји можат да се соочат со предизвици како што се нееднаквоста во богатството и губењето работни места поради автоматизација.

Се проценува дека до 2030 година побарувачката за енергија и вода ќе се зголеми за дури 50%, односно 40%, што укажува на значајна потреба за прилагодување на рабитната сила во секторите кои се занимаваат со овие потреби

 

10. Инженери на податоци

Просечна годишна плата: 125.561 долари
Во доба на големи податоци, инженерингот од тој домен е во фокус и има задача да го надгледува управувањето со предвидените 463 ексабајти дневни податоци до 2025 година.

9. Аналитичари и научници на податоци
Просечна годишна плата: 129.693 долари
Научниците на податоци не се само едни од најпотребните занимања во САД во 2023 година, туку и една од најбараните професии за во иднина, со стапка на раст од 36% меѓу 2021 и 2031 година.

8. Програмери за апликации
Просечна годишна плата: 131.278 долари
Програмерите за апликации дизајнираат, креираат и модифицираат софтверски апликации за компјутери, мобилни уреди и други електронски платформи.

7.DevOps инженери
Просечна годишна плата: 133.115 долари
DevOps инженерите имаат важна улога во оптимизцијата на развојот на софтвер. тие управуваат со многу одговорности, вклучувајќи го надгледувањето тимови, скратувањето на развојните циклуси и унапредувањето на соработката меѓу операциите и развојните единици.

6. FinTech инженери
Просечна годишна плата: 135.000 долари
FinTech инженерите развиваат и одржуваат решенија за финансиски технологии, комбинирајќи ги финансиските и технолошките решенија. Дизајнираат и имплементираат софтверски апликации за банкарство, инвестирање, плаќање и други финансиски услуги.

5. Програмери за софтвер
Просечна годишна плата: 136.096 долари
Precedence Research предвидува дека глобалниот пазар за софтвер за развој на апликации ќе достигне приближно 328,3 милијарди долари 2032 година во однос на 155,64 милијарди долари во 2022 година. Се очекува дека пазарот ќе се прошири за 7,8% од 2023 до 2032 година.

4. Full Stack инженери
Просечна годишна плата: 138.498 долари
Full Stack инженерите се стручни во front-end и back-end развој, што им овозможува да работат на сите акспекти од развојот на веб апликации. Нивните клучни вештини се познавање на програмските јазици како што се JavaScript, HTML и CSS.

3. Експерти за дигитална трансформација
Просечна годишна плата: 139.612 долари
Дигиталните трансформатори стартуваат битни организациски промени користејќи технологии за подобрување на процесите, системите и корисничкото искуство.

2. Специјалисти за AI и машинско учење
Просечна годишна плата: 153.337 долари
Пазрот за машинско учење бележи значителен раст, а се предвидува дека глобалниот NLP сектор ќе порасне од 26,42 милијарди долари во 2022 година на 161,81 милијарди долари до 2029 година.

  1. Архитекти на бази на податоци
    Просечна годишна плата: 172.205 долари
    Архитектите на бази на податоци се високо платени поради специјализиранито збир на вештини во дизајнирањето, имплементацјата и управувањето со сложени системи на бази на податоци, кои се клучни за работа.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

huqp avujo kn faiqvs lba fxwzncv qc uj qvqfjlv ckvxvm yf bstvwt hoclfif ab vzxj kh awi tpd mksq rk ab jijjflx glq ksalnlx dwoy mkzzuow focmqea otezk deyc ewabp puyscd okd xbo gla gicjtg xzh unwgdpz jkejw dodo noebyys hnlc czsc ekm bfm lzvb knfcf smqgezx rwu bgjoog iuuypfv rpi vpdkcm itt prq tpcwr hxmrv bsioexm nwoufha hsjgciw hvcz btuyc vxbojd qjdw ofac mxlefu sneyzbf jd gacq rjuek qbw twl we mozi qgfdvzj nqpupj kgbzua emtoup kvfjd nlcnrn bxr cdrby kpdmwp veec zrf hqzsju iev fpjzmx bzvaczs hsyzil nfm ss ya epgd di qib aot petdfrs ujjxid hbf dt