Работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина

Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, фустани од кадифе… Кои работи прават да изгледате постаро и со кои алтернативи можете да ги замените?   Не постои жена која намерно би носела облека во која ќе изгледа постаро отколку што е навистина, ниту пак ќе користи шминка и аксесоари кои ѝ додаваат години визуелно. Но, ќе се изненадите колку несвесни грешки прават сите, а поради кои може да изгледате и до 5 години постаро.

Ова се грешките кои ги правиме често, а кои додаваат години… Затоа, обидете се да ги избегнете.

Фустани од кадифе

Фустаните од кадифе се совршени за тинејџерките, но не и за возрасните жени. Тие на секоја жена ѝ додаваат по неколку години. Сјајот на материјалот визуелно ја преобликува силуетата, па колку и да сте слаби, ќе изгледате пошироко. Затоа, ако сакате да носите кадифе, препорачливо е да го комбинирате со друга облека и кадифето да не доминира.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-08.jpg

Блузи и кошули врз панталоните/фармерките

Сигурно се чувствувате удобно во широката облека, но таа визуелно додава години. Па, кога носите кошули преку фармерките, ги криете контурите на телото. Понекогаш е доволно само предниот дел од кошулата (или едната страна) да ја ставите во панталоните и да го свртите фокусот кон вашата половина.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-07.jpg

Темен лак за нокти

Темниот лак за нокти ги нагласува несовршеностите на вашата кожа и рацете. Затоа избегнувајте темноцрвена или бордо боја и наместо тоа изберете неутрална беж боја или млечна нијанса.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-04.jpg

Тенок џемпер со копчиња

Овие џемпери одамна не се во мода. И не ѝ стојат на секоја жена, бидејќи тенката трикотажа се развлекува и ја нагласува секоја несовршеност на телото.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-06.jpg

Евтин накит

Пластични обетки, прстени, синџирчиња со евтини камчиња и нијанси кои делуваат вештачки се совршени за децата или младите девојки, но не ѝ прилегаат на повозрасна дама. Затоа, за повозрасните жени е препорачливо да изберат златни и сребрени парчиња, или поедноставен накит кој не „боде очи“.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-02.jpg

Лоша комбинација на класични бои

Комбинациите од црно и бело или црвено и црно се класика, но може да бидат и здодевни. Затоа, дајте ѝ живост на вашата гардероба, па искомбинирајте светли бои или бои кои се во тренд во моментот. Понекогаш и нестандардните комбинации се подобри од здодевната класика.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-03.jpg

Хулахопки кои ѝ даваат „тен“ на ногата

Иако самото име вели „тен“, најчесто хулахопките во оваа нијанса изгледаат неприродно, вештачки и го уништуваат целиот имиџ, особено ако се дебели. Затоа е подобро да изберете црни хулахопки, без оглед дали се тенки или дебели.

 

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-05.jpg

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.