Најскапото кафе во Европа се служи во Виена и се пие од корнет

Fenster Café е едно малечко кафуле,сместено во една мала улица во срцето на Виена.

Кафето тука се послужува од малечко прозорче, а внатре има доволно место само за еден бариста. Овој прозорец се наоѓа во куќа стара 600 години, што го прави Fenster Café уште поуникатно. Гостите можат да порачаат еспресо, капучино, лате, но сепак најголем хит е корнеточино (cornettoccino) односно фенстерчино (fensterccino) според името на кафулето. Познатиот веб сајт Big 7 Travel го рангираше ова место на листата 50 најдобри кафулиња во светот, токму поради креативниот начин на послужување на кафето во корнет. Тука се продаваат околу 1.000 кафиња дневно, работното време е од 8 до 19 часот, а цената на популарното фенстерчино е 11 евра, што го прави едно од најскапите кафиња во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fenster Cafe (@fenstercafe)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fenster Cafe (@fenstercafe)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.