„Бизнис инсајдер“ открива колку е навистина богатата Кајли Џенер

Кутрата мала „богаташка“

Дваесет и двегодишната Кајли Џенер во 2019 година од страна на списанието „Форбс“ беше прогласена за најмлада милијардерка во светот што сама ги има заработено парите.

 

 

View this post on Instagram

 

oh happy days 😃

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Кајли е сопственичка на седум луксузни автомобили од марките „ролс ројс“ и „ламбургини“, скапи чанти и накит, бреднирана и дизајнерска облека и чевли…

 

 

View this post on Instagram

 

the stormi collection launches tomorrow at 9am pst only on KylieCosmetics.com 🦋☁️⚡️

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Еве неколку факти од „Бизнис инсајдер“ за да илустрираме колку е навистина богатата Кајли Џенер:

1. Заработи 1 милијарда американски долари за само 4 години (од 2015 година, кога ја основа својата компанија „Кајли козметикс“, до 2019 г. , кога го симна од тронот Марк Закерберг. Основачот на Фејсбук стана најмладиот милијардер на 23-годишна возраст).

2. Заклучно со март 2019 година, Џенер поседуваше 100% од својата козметичка компанија, која е проценета на 900 милиони американски долари. Седум месеци подоцна, таа се согласи да продаде 51% од компанијата за околу 1,2 милијарди американски долари.

3. Во ноември 2018 година, Џенер потпиша договор за дистрибуција на своите производи во „Улта бјути“. Тоа ѝ помогна да оствари продажба од 55 милиони американски долари за само 6 недели. Профитот на „Кајли козметикс“ годинава достигна 360 милиони долари.

4. Џенер заработи 170 милиони долари во 2019 година и го зазеде второто место на листата на славни личности кои оствариле најголем профит, според списанието „Форбс“. Само Тејлор Свифт беше пред неа.

5. „Бизнис инсајдер“ проценува дека, во просек, Џенер заработувала 19.406 долари на час.

 

 

View this post on Instagram

 

new monday, new week, new goals..💗

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

6. За само два и пол часа, sвездата заработува просечна американска плата на годишно ниво – 48.328 долари

7. Секоја објава на Инстаграм, која Џенер ја прави за некој од своите огласувачи, заработува 1,2 – 1,3 милиони долари. Таа има 161 милиони следбеници.

8. Џенер е толку богата што за секој долар што просечно го заработува обичен Американец, таа може да си дозволи да потроши 10.227 долари.

9. Ако Џенер троши 1 милион долари секој месец, нејзиното богатство ќе се стопи за 83 години. Со просечен животен век од 78,7 години во САД, тоа значи дека има доволно ресурси да не работи до крајот на животот.

 

 

View this post on Instagram

 

Diamonds are a girls best friend… 💗 @vmagazine cover

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Денес, Кајли Џенер има 22 години и има пари за до најмалку 105 години.

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време