Џенифер Лоренс искрено зборува за стареењето: Неверојатно е што може да направи шминката!

Нема пластични операции, сѐ е шминка...

Во разговор со Кајли Џенер за списанието „Interview”, познатата актерка Џенифер Лоренс проговори како се променило со текот на времето нејзиното искуство со шминката.

Неверојатно е што може да направи шминката, работам со Хунг (Ваннго) кој ја прецртува усната и го нарекувам пластичен хирург затоа што сите во последните неколку месеци откако работам со него се убедени дека имав направено операција на очите – вели актерката.

Лоренс објасни дека она што се сменило кај неа е начинот на шминкање и така почнала да се менува пред очите на јавноста, па продолжи:

Почнав на 19 години, па ги гледам сликите пред и потоа од 19 до 30 години и си мислам: „Пораснав. Го изгубив бебешкиот изглед на лицето, а ми се промени бидејќи стареам“. Сите мислеа дека сум го оперирала носот, а јас велам: „Имам буквално идентичен нос. Моите образи се помали. Ви благодарам што ме известивте“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.