Најмудриот совет на тибетски монах: Кога некој ве навредува и понижува, поставете му ги овие 2 прашања!

Веднаш ќе ги замолчите!

Многумина се прашуваат како да постапат кога некој ги навредува и понижува, а овој совет на тибетски монах може да помогне

Постоел тибетски монах кој важел за свет човек. Кај него доаѓале луѓе од најдалечните краеви за да добијат совет, а важел за човек кој бил секогаш смирен и за човек кого никој не можел да го навреди.

Некој расипник дознал за тоа и решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и штом го здогледал, почнал да го навредува и да го понижува најмногу што можел.

Кога ги потрошил навредите, за момент застанал и вчудовиден сфатил дека монахот и понатаму е смирен и прибран како и пред неговото доаѓање.

Тоа многу го изнервирало расипникот, па продолжил уште повеќе да го пцуе, но залудно – тоа воопшто не го допирало мудрецот.

Кога останал без пцости и ја изгубил сета енергија, човекот решил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

„Јас ги разбирам тие ваши духовни работи, божем не ви е грижа што мислат и зборуваат другите луѓе, но јас те понижив и навредив, треба да научиш дека мораш да се бориш за себе“, му рекол.

„Синко, може ли да ти поставам само 2 прашања?“, го прашал монахот прозборувајќи првпат.

„Секако“, рекол човекот.

„Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому му припаѓа тој подарок?“, го прашал мудрецот.

„Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и понатаму ми припаѓа мене.“

„А, сега, сине мој, ако ти за мене имаш само навреди, а јас не ги прифатам, кому му припаѓаат тие?“, заклучил мудриот човек, се свртел и си заминал.

8 совети од Шаолин монах: Ова се златните правила на здравите луѓе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.