Да го сретнете на улица нема да го препознаете: Драган Бјелогрлиќ во седмата деценија каков што не го знаете од ТВ-екраните (ФОТО)

Годините си ги направиле своето...

Шармер и во седмата децнија!

Драган Бјелогрлиќ повеќе од половина век е присутен на филмското платно, а богатата актерска приказна започнува да ја пишува уште од својата петнаесета година. Првото соочување со филмските камери ја доживува во филмот на Бранко Бауер, „Бошко Буха“ (1978), толкувајќи го ликот на Сава Јовановиќ Сирогојна.

Во 1984 година се запишал на Факултетот за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал во 1989 година. Но неговите успеси не се редат само пред туку и зад камерите.

Последниве години Бјелогрлиќ се обиде и како продуцент, а првиот филм кој го продуцираше беше „Убавите села, убаво горат“. Но тој се потпишува и како режисер на играниот филм и ТВ серија „Монтевидео, Бог те видео!“, со кој постигна голем успех.

Но и по толку години тој не запира иако на неговото лице веќе може да се забележи дека годините си го наплатуваат данокот. Неодамна на Инстаграм сподели фотографија над која напиша:

„Прв ден во 7-та деценија“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.