Дипломирала со ЧИСТА ДЕСЕТКА: Ќе се изненадите кога ќе слушнете што има завршено Беквалац (ВИДЕО)

Голем дел од нејзините колешки ништо...

Кој за што учел или…

Наташа Беквалац е една од најбараните пејачки на овие простори. Иако со музика се занимава уште од детството, малкумина знаат во кое училиште одела и што има завршено.

Имено, Наташа Беквалац дипломирала на Вишата школа за спортски тренери.

Љубовта кон спортот ја наследила од нејзиниот татко, фудбалскиот стручњак Драгољуб Беквалац, кој инсистирал таа да се запише во таа образовна институција.

„Беше многу убаво кога дипломирав со 10ка. Во тој момент добив желба да го продолжам образованието“, изјави еднаш пејачката.

На прашањето дали може да се замисли на пример во соблекувална на полувреме како на фудбалерите им објаснува како треба да играат, Наташа одговорила:

„Не, но се гледам себеси во некој убав фитнес центар, како им помагам на луѓето да се одржат во форма или да изгубат килограми. Ова е она што сакам да го правам во иднина. Јас сум одличен теоретичар, но лош практичар“.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.