Тој има 190 килограми, а таа 50: Јаде на секои ДВА ЧАСА и когa го прашале ШТО ПРАВАТ ВО КРЕВЕТ – одговорот ги остави луѓето без зборови (ФОТО)

Што би рекле вие?

Секој со свој вкус…

Хафтур Џулиус Бјорнсон (34) е висок 206 сантиметри и тежок приближно 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторката Келси Хенсон (33) има само 158 сантиметри и не му е ниту до рамениците. Таа е дури 140 килограми полесна од него.

Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, кој го играше ликот на кој му се обраќаат со Планина, со сопругата е главна атракција каде и да се појави.

Тие се во брак од октомври 2018 година, а на луѓето секогаш им е смешно кога ќе ги видат заедно поради висинската, но и разликата во килограмите. Но она што многумина ги интересира е како се бакнуваат.

Сепак парот не обрнува внимание на таквите коментари, а актерот е особено горд на себе, бидејќи важи за еден од најсилните мажи на светот. Тој за британските медиуми откри и која е тајната на неговата успешна „маса“.

„Можам да подигнам илјада килограми, и да внесувам 10.000 калории дневно. Морам да јадам на секои два часа за да ја задржам постоечката маса“, изјави Планина.

Поради својата градба, актерот призна и дека не може да лета во економска класа, туку мора со бизнис класа.

„Тој јаде многу. Кога одиме во супермаркет, ни треба камион за да ги задоволиме неговите потреби“, рече Келси низ смеа.

Бидејќи пријателите постојано ги прашуваат како изгледаат нивните интимни односи, Планина даде  краток одговор:

„Таа е секогаш горе“.

Двојката се запознала во септември 2017 година кога Келси му пришла во ресторан и му побарала автограм.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.